Од 13-18.08.2021 година на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид се одржаа завршните подготовки на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова пред заминувањето на Параолимпиките игри во Токио.
Сега ни останува сработеното и договореното да го повториме во Јапонија. Repetitio est mater studiorum.
Ние сме подготвени достојно да ги браниме боите на нашата држава. После скоро 2 години апстиненција од врвни спортски натпревари, време е да се впуштиме во борба со конкурентите, со надеж дека поред другото и спортската среќа ќе ни биде наклонета.
Благодарност до ИПЦ, Агенцијата за млади и спорт, Министерството за труд и социјална политика, за обезбедување на услови за непречени подготовки, опремување и учество на параолимпискиот тим на Северна Македонија на ПИО во Токио.
Нека победи најдобриот/та.
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО