Претседателите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ), Даниел Димовски, и на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија (ПКСМ), Бранимир Јовановски, денес одржаа работна средба на која дискутираа за претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Токиот 2020. На средбата присуствуваше и генералниот секретар на ПКСМ, Драган Дојчиноски.
Претседателот Јовановски (ПКСМ), на претседателот Димовски (ОКСМ) му го честита големиот успех и освоената олимпијска норма и квота од таеквондистот Дејан Георгиевски кој стана вториот македонски спортисти кој обезбеди олимписка виза (пред него тоа го оствари борачот Могамедгаџи Нуров), а му посака и каратистот Емил Павлов да постигне норма во својата категорија на претстојниот олимпискиот квалификациски турнир.
Понатаму беше разгледано прашањето со опремување на учесниците на Олимписките и Параолимписките игри со иста опрема, по урнекот на многу држави во светот. Таков договор на општо задоволство е постигнат и се очекува наскоро опремата да биде испорачана.
Исто така беше разговарано и во однос на вакцинирањето на олимпискиот и параолимпискиот тим, очекуваме и ова прашање во најскоро време во соработка со институциите на државата да се финализира.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ