НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

4.Онлајн ФИДЕ Светски шампионат за лица со инвалидност

На 14.11.2021 година заврши 4. Онлајн ФИДЕ Светски шампионат за лица со инвалидност на кој од македонските шахисти со инвалидност (со телесен инвалидитет, слепи и слабовидни)настапија: Тоде Зафировски кој со освоени 7 поени (од можни 9) го освои 12-то место, Јанчо Ѓорѓевски кој со освоени 5 поени го освои 94 место, од вкупно 215 шахисти кои го завршија натпреварувањето.
На ова првенство настапија и Жарко Селковски кој беше дисквалификуван после 8-то коло по извршената фер плеј контрола од страна на организаторот, како и Зоран Костадиновски кој беше дисквалификуван после 6-то одиграно коло.
На првенството беа пријавени 249 шахисти од 44 држави, а 215 од нив го завршија првенството. Се играа 9 кола Швајцарски систем со темпо на игра 45 + 30 секунди по потег. Среден рејтинг на турнирот беше 1505 поени.
https://chess-results.com/tnr584201.aspx?lan=1&art=1&rd=9…