НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

29-ти РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА 2017

08-11.06.2017, Струга и Охрид

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија во соорганизација со Македонскиот параолимписки комитет, од 08-11.06.2017 година ги организираше 29-те Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет во Струга и Охрид со учество на 80 македонски спортисти и 20 од земјите од регионот.
Во Струга се одиграа натпреварите во пинг понг во 4 категории поединечно и во две категории екипно.
Игрите имаа меѓународен карактер бидејќи учествуваа екипи од: Бугарија (атлетика и пинг понг), предводени од Илија Лалов-претседател на Бугарскиот параолимписки комитет, Србија (атлетика и пинг понг), предводени од Бојан Јаќимовиќ-генерален секретар на Параолимпискиот комитет на Србија, Црна Гора (атлетика и пинг понг), предводени од Дејан Башановиќ и Босна и Херцеговина (атлетика и стрелаштво), предводени од Рефик Ибрагиќ.

РЕЗУЛТАТИ на најдобрите три спортисти

Поединечно ПИНГ ПОНГ:
Класа 3-5 (колички)
1.Милош Стојиљковиќ, Србија
2.Миљан Цекиќ, Србија
3.Илчо Кангов, Гевгелија

Класа 6-10 жени
1.Милијана Ќирковиќ, Црна Гора
2.Лилјана Мицовска, Кочани
3.Олга Ристовска, Скопје

Класа 6-8 мажи
1.Јордан Митев, Бугарија
2.Рубинчо Ристески, Прилеп
3. Игор Постолов, Струмица

Класа 9-10 мажи
1.Дејан Башановиќ, Црна Гора
2.Страшко Коцевски, Куманово
3.Небојша Ташиќ, Куманово

ЕКИПНО:
Класа 6-8 мажи
1.Бугарија (Митев, Ташч)
2.Македонија 1 (Ристески, Зафировски)
3.(Црна Гора (Паљушевич, Кривокапиќ)

Класа 9-10 мажи
1.Црна Гора (Башановиќ Ќирковиќ)
2.Македонија 1 (Коцевски, Трајановски)
3.Македонија 2 (Алексовски, Делов, Николов)

Натпреварите во стрелаштво и во атлетика се одвиваа на терените на Беј Бунар во Охрид.

СТРЕЛАШТВО:
Воздушен пиштол микс
1.Оливера Наковска-Бикова, Битола 566 кругови
2.Ванчо Каранфилов, Скопје 561 круг
3.Александар Јоваовски, Скопје 546 кругови

Воздушна пушка СХ1 мажи
1.Васко Стефановски, Битола 343 кругови
2.Ѓоре Здравески, Прилеп 317 кругови
3.Новча Тодоровски, Куманово 311 кругови

Воздушна пушка СХ1 жени
1.Елизабета Тодоровска, Куманово, 318 кругови
2.Наташа Црвенковска, Битола 222 кругови
3.Шухра Зукановиќ, БиХ 198 кругови

Воздушна пушка СХ2 микс (со сталак)
1.Никола Ѓуровски, Битола 337
2.Рефик Ибрагиќ, БиХ 270

АТЛЕТСКИ ПОВЕЌЕБОЈ

Мажи класи Ф53-57
1.Гоце Миновски, Скопје 1794 поени
2.Петар Петров, Бугарија 1722 поени
3.Милош Стојиљковиќ, Србија 1466 поени

Жени класи Ф53-57
1.Иванка Колева, Бугарија 2416 поени
2.Елена Давитковска, Куманово 1267 поени
3.Едина Алагиќ БиХ 1242 поени

Мажи класа Ф36-38, 42-46 и општа
1.Никола Пеев, Гевгелија 1866 поени
2.Дејан Ѓорѓиевски, Скопје 1690 поени
3.Митко Орданов, Кавадарци 1584 поени

Жени класи Ф37, 42-46 и општа
1.Лилјана Мицовска, Кочани 1438 поени
2. Нада Цветковска, Куманово 1421 поен
3.Силвана Трајковска, Скопје 1351 поен

« на 2 »