НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

25-ти Републички спортски игри 2013

Одржани 25-ти Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија

Од 06-09.06.2013 година на спортските борилишта во Охрид и Струга беа одржани 25-те Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија. На игрите настапија 80 натпреварувачи од Мобилност Македонија. Овие игри имаа и меѓународен карактер, бидејќи во рамките на игрите се одржа двомеч помеѓу пингпонгарските репрезентации на лицата со инвалидност на Македонија и Хрватска. Заради обврските и учество на меѓународни турнири, првиот тим на Хрватска во пинг понг не беше во можност да одговори на нашата покана за учество. На наше задоволство, селекторот на Хрватска во пинг понг, Емил Губица, успеа да обезбеди двајца играчи од вториот тим на Хрватска и заедно со еден тренер и двајца придружници допатуваа во Македонија. Пингпонгардскиот тим на Хрватска го сочинуваа: Емил Губица – селектор и спортист, Ивица Вугринец и Велибор Јозиќ – спортисти, Мирела Шикоронја – тренер и Антон Ѓерек – асистент.

Оваа година се погриживме да обезбедиме класификатор во атлетика за да изврши рекласификација на поранешните и класификација на новите спортисти во атлетика.  Во соработка со Параолимпискиот комитет на Хрватска, за таа цел ја поканивме др. Марија Корачевиќ, национален класификатор за атлетика.

Учесниците на 25-те Републички спортски игри и поканетите гости беа сместени во хотел „Галеб“ во Струга, а во Струга се одржаа и натпреварите во пинг понг. На спортските терени во Охрид се одржаа стрелаштвото и атлетиката. Во оваа прилика упатуваме најсрдечна благодарност до Советот на Општина Охрид и до ЈП за спорт „Билјанини Извори“ кои овозможија бесплатно користење на градскиот стадион за одржување на натпреварите во атлетика. Исто така голема благодарност и до раководството на спортската сала во Охрид која овозможи претпладневен тренинг на пингпонгарската репрезентација на Македонија на 07.06.2013 година.

СТРЕЛАШТВО:

Воздушна пушка микс – СХ2

р/б Име и Презиме Град 1 2 3 4 Збир
1 Дејан Танески Охрид 89 92 89 94 364
2 Снежана Танеска Охрид 83 85 83 80 331
3 Никола Ѓуровски Битола 79 76 78 80 313
4 Александар Талески Гевгелија 79 67 71 60 277

Воздушна пушка жени – СХ1

р/б Име и Презиме Град 1 2 3 4 Збир
1 Елизабета Тодоровска Куманово 54 69 74 76 273
2 Наташа Црвенковска Битола 78 58 69 66 271
3 Олга Ристовска Скопје 58 53 55 58 224

Воздушна пушка мажи – СХ1

1 Име и Презиме Град 1 2 3 4 Збир
2 Новча Тодоровски Куманово 82 89 79 79 329
3 Николче Станојевски Битола 79 75 86 82 322
4 Зоран Јовановски Струмица 77 80 78 80 315
5 Васко Стефановски Битола 74 76 81 81 312
6 Александар Јовановски Скопје 75 69 75 68 287
7 Имер Сефери Скопје 76 73 73 65 287
8 Ѓорѓи Здравески Прилеп 79 71 59 72 281
9 Авдо Исмаилов Струмица 68 60 66 64 258
10 Стеван Ангелески Прилеп 72 67 40 67 246
11 Тони Митровски Скопје 51 42 66 75 234
12 Илчо Кангов Гевгелија 40 46 50 47 183
13 Ала Белкија Струга 31 30 49 45 155
14 Гури Сулејмановски Струга 40 38 32 35 145

Воздушен пиштол микс – СХ1

р/б Име и Презиме Град 1 2 3 4 5 6 Збир
1 Оливера Наковска-Бикова Битола 94 95 95 94 96 94 568
2 Ванчо Каранфилов Скопје 93 89 96 92 93 91 554
3 Александар Стојановски Скопје 87 87 89 93 89 82 527
4 Тони Митровски Скопје 73 79 82 89 87 79 489

АТЛЕТИКА

Мажи стоење класи 37,38, 42-46 и општа

Име и презиме Класа Мобилност Ѓуле Диск Копје Поени
1.    Александар Талески Ф46 Гевгелија 10,30 23,14 36,31 1652
2.    Митко Орданов Ф44 Кавадарци 8,99 24,20 30,91 1576
3.    Димче Алексовски Ф46 Штип 9,30 22,76 28,65 1462
4.    Николчо Пеев Ф37 Гевгелија 7,75 20,97 25,60 1454
5.    Марјан Зафировски Ф37 Скопје 7,97 23,37 21,89 1439
6.    Дејан Ѓорѓиевски општа Скопје 8,27 25,80 24,55 1388
7.    Имер Сефери Ф44 Скопје 7,82 22,17 22,57 1312
8.    Савре Бојковиќ Ф44 Куманово 8,30 22,70 19,50 1296
9.    Авни Љата Ф38 Дебар 7,38 18,26 17,33 1258
10.Горан Димчевски Ф42 Битола 6,44 14,79 21,03 1231
11.Сашо Ристов општа Радовиш 6,80 19,02 28,18 1230
12.Ацо Петровски општа Скопје 7,51 20,60 22,46 1211
13.Али Јакупов општа Радовиш 7,36 18,23 24,54 1191
14.Иван Георгиев Ф37 Штип 6,70 17,90 19,06 1189
15.Ванчо Иванов општа Кочани 7,76 16,39 24,02 1174
16.Васко Тушевски општа Скопје 6,82 19,74 22,47 1152
17.Влатко Панов општа Штип 7,40 18,57 21,55 1152
18.Зоран Ѓорѓиевски Ф42 Куманово 5,96 13,33 15,09 1043
19.Драге Марковски Ф44 Тетово 6,48 15,64 16,87 1003
20.Ала Белкија Ф44 Струга 5,95 13,67 19,98 991
21.Драги Стефановски Ф44 Куманово 5,93 14,26 15,82 924
22.Илче Јоноски Ф42 Охрид 5,32 11,07 12,35 890
23.Гури Сулејмановски Ф42 Струга 4,32 10,04 9,70 740
24.Марко Лазаров Ф42 Гевгелија 4,31 9,39 10,29 736
25.Душко Дим;евски Ф37 Кочани 4,36 11,5 7,72 674
26.Тодорче Гиноски општа Велес 5,59 12,14 0 573

 

Жени стоење класи 42-46 и општа

Име и презиме Класа Мобилност Ѓуле Диск Копје Поени
1.    Нада Цветковска Ф46 Куманово 7,58 16,56 16,61 1470
2.    Љиљана Мицовска Ф46 Кочани 6,90 16,43 14,33 1348
3.    Силвана Трајковска општа Скопје 6,50 14,31 16,44 1323
4.    Наташа Црвенковска општа Битола 6,85 14,44 14,14 1292
5.    Нада Илиоска Ф44 Кичево 6,16 14,81 13,88 1277
6.    Јулијана Димитриева Ф42 Штип 4,47 11,65 11,17 1242
7.    Росана Ефремова општа Скопје 5,73 14,83 13,53 1192
8.    Лидија Успрцова Ф42 Схтип 4,30 11,91 9,44 1173
9.    Љубинка Крстеска општа Прилеп 5,05 12,73 12,08 1047
10.Мерита Арслани Ф42 Струга 3,99 8,93 7,94 991
11.Зорица Гочевска општа Скопје 5,11 11,25 11,13 991
12.Љубица Манчева Ф44 Радовиш 4,90 12,91 7,54 950
13.Иванка Колева општа Велес 4,38 10,53 10,40 894
14.Ивона Грујоска Ф42 Тетово 3,16 6,16 8,14 818
15.Јулијана Ристеска општа Кичево 3,83 9,39 8,72 776
16.Мара Ошавковска општа Дебар 3,71 8,73 5,88 673

 

Жени седење класи 55 и 56

 Име и презиме Класа Мобилност Ѓуле  Диск  Копје Поени
1.    Елена Давитковска Ф55 Кратово 4,00 8,91 6,65 1195
2.    Елизабета Тодоровска Ф55 Куманово 3,45 6,60 6,66 1041
3.    Живка Мицова Ф56 Кочани 3,63 7,14 5,91 1005
4.    Славица Стојановска Ф55 Скопје 2,10 5,71 5,02 752

 

Мажи седење класи 54-56

Име и презиме Класа Мобилност Ѓуле Диск Копје Поени
1.    Зоран Јовановски Ф55 Струмица 5,45 12,90 12,52 1202
2.    Александар Јовановски Ф54 Скопје 3,64 9,18 10,10 1091
3.    Муштеба Амети Ф55 Охрид 4,79 10,38 11,97 1060
4.    Спасе Коцев Ф55 Радовиш 4,27 10,05 9,22 922
5.    Игор Димитриевски Ф56 Струмица 4,80 9,94 9,13 922

 

Мажи тркачки (ревијално) класи 52-54

Име и презиме Класа Мобилност 100м 200м
Зоран Јовановски Ф54 Струмица 23,89 48,07
Муштеба Амети Ф54 Охрид 23,89 49,35
Игор Димитриевски Ф54 Струмица 28,66 1:04,27
Александар Јовановски Ф53 Скопје 35,49 1:12,32
Ристо Фотевски Ф52 Скопје 40,13 1:28,77

ПИНГ ПОНГ

Жени класа 9-10

  1. Лилe Мицовска                 Кочани
  2. Наташа Црвенковска      Битола
  3. Олга Ристовска                Скопје          
  4. Каролина Богоеска         Прилеп
  5. Мара Ошавковска              Дебар
  6. Магдалена Делова            Кавадарци

Микс (мажи и жени) класи 3-5

  1. Муштеба Амети                 Охрид
  2. Трајче Стојановски          Скопје
  3. Ристо Фотевски                Скопје
  4. Илчо Кангов                       Гевгелија
  5. Зоран Јовановски             Струмица
  6. Живка Мицева                    Кочани
  7. Игор Димитров                   Радовиш

Мажи класи 6-8

  1. Рубинчо Ристески            Прилеп
  2. Марјан Зафировски        Скопје
  3. Томи Јаневски                  Скопје
  4. Ванчо Каранфилов         Скопје
  5. Васко Стефановски         Битола
  6. Горан Димчевски             Битола
  7. Ѓоко Костов                        Кавадарци
  8. Николчо Делов                  Кавадарци
  9. Душко Димчевски              Кочани

Мажи класи 9-10

  1. Страшко Коцевски           Куманово
  2. Небојша Ташиќ                  Куманово
  3. Дејан Ѓорѓиевски             Скопје
  4. Александар Димоски      Прилеп
  5. Дејан Алексовски               Скопје
  6. Енвер Шерифовски           Кичево
  7. Ванчо Иванов                     Кочани

Согласно пропозициите за да се освои сет медали треба во конкуренција да има најмалку 5 натпреварувачи. Доколку има помалку натпреварувачи, за да се додели медал треба да има најмалку 2 натпреварувачи послабо пласирани од медалистот. Со болдирани букви се обележани носителите на медали, како и директно пласираните спортисти за следното првенство.

Како и секогаш, игрите завршија со свечено доделување на медали и дипломи на најуспешните. Претседателот на Мобилност Македонија и додеи благодарница на др. Марија Корачевиќ за нејзиниот труд и класификација на спортистите во атлетика, додека селекторот Страшко Коцевски му додели благодарница на пингпонгарскиот тим на рватска за прифатената покана за одржување на двомеч која ја прими нивниот селектор Емил Губица.

Со ова беше ставена точка на дваесет и петтото издание на Републичките спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.