НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

24-ти Републички спортски игри 2012

Одржани 24-ти Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија

Дваесет и четвртите Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија се одржаа од 08-10.06.2012 година на спортските терени во Струга и Охрид, а во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и во соорганизација со Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет. Спортистите беа сместени во хотелот “Галеб” во Струга, додека натпреварите се одржаа: стрелаштвото на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, атлетиката на стадионот на ФК “Караорман” во Струга и пинг понгот во малата сала „Нико Нестор” во Струга. Ова е убава прилика да им изразиме голема благодарност на спортските работници од ФК „Караорман” од Струга, кои и овојпат дозволија бесплатно користење на стадионот за одржување на натпреварите во атлетски повеќебој.

На 24-те Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија учествуваа 76 натпреварувачи (од кои 22 беа жени) од 16 општински и меѓуопштински здруженија на лица со телесен инвалидитет од државата. Единствено членовите на екипата на Мобилност Свети Николе повторно не настапија на игрите и поред силните напори да се обезбеди нивното учество. Оваа година на игрите учествуваа и тројца натпреварувачи – јуниори и тоа: Елена Давитковска од Кратово во атлњтика, Димитар Боцевски од Скопје и Аглел Џуковски од Скопје, и двајцата во стрелаштво со воздушна пушка.

Свеченото отворање на игрите се случи во вечерните часови на денот на пристигнувањето на учесниците на игрите во големата сала на хотелот “Галеб” во Струга. По неколку пригодни зборови и со желба спортските натпревари да поминат во коректна, фер и спортска атмосвера, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, ги прогласи игрите за отворени.

Во периодот кои им претходеше на игрите, Стручната комисија донесе Правилник за одржување на игрите, пречистен список на директно квалификувани спортисти и изготви листа на пријавени спортисти по одделни спортови, состави програма за одржување на игрите и сите овие акти беа верифицирани од УО на Мобилност Македонија. Исто така се донесе одлука при класифицирањето на новите спортисти и понатаму да биде користена класификацијата што пред неколку години ја направи меѓународниот класификатор во атлетика, г-дин Гетош од Хрватска и класификаторката во пинг понг, г-ѓа Романа Романов од Србија, како и според меѓународните правила и критеријуми кои важат за пооделни спортови. Новопријавените спортисти на игрите, како и досега, беа класифицирани од страна на Др. Нико Јанков и Бранимир Јовановски.За разлика од минатите години кога др.Нико се грижеше за здравјето на спортистите, оваа година заради оправдани причини остана само за време на класификација на спортистите, додека за време на натпреварите во атлетика беше ангажиран лекар од Струга. Спортистите од општа категорија во машка и во женска конкуренција во атлетика се натпреваруваа во редовна конкуренција, со тоа што тие фрлаа со тежина на реквизити за атлетичари без инвалидност, а коефициент за пресметка на бодови се земаше од категоријата Ф46. Останатите спортисти се натпреваруваа со тежина на реквизити пропишана за нивната инвалидност од страна на атлетската секција при параолимпискиот комитет. Комисијата за жалби и приговори во состав: Бранимир Јовановски, Драган Дојчиноскии Софче Прчева благодарение на коректноста на натпреварувачите немаше ниту една интервенција, ниту предмет за решавање.

 

Првиот натпреварувачки ден во 17 часот започнаа натпреварите во стрелаштво. Натпреварите се одвиваа во 4 спортски дисциплини во категорија мажи, жени и микс категорија. Највреден резултат постигна параолимпијката Оливера Наковска-Бикова со резултат од 378 кругови во категорија жени и 568 кругови во категорија микс, убедливо го освои првото место. Да и посакаме ваков резултат да постигне и на Параолимписките игри во Лондон. Останатите постигнати резултати на другите стрелци немаа некоја посебна вредност и беа во висина на просечните постигнати резултати.

 

Воздушна пушка мажи – СХ1

Име и Презиме Град 1 2 3 4 Збир
1. Новча Тодоровски Куманово 88 84 82 84 338
2. Николче Станојовски Битола 82 78 82 79 321
3. Васко Стефановски Битола 85 75 75 85 320
4. Ѓорѓи Здравески Прилеп 76 79 83 81 319
5. Александар Јовановски Скопје 84 80 82 73 319
6. Бранимир Јовановски Куманово 70 79 78 78 305
7. Тони Митровски Скопје 70 68 76 82 296
8. Имер Сефери Скопје 62 72 64 67 265
9. Илчо Кангов Гевгелија 49 54 64 53 220
10. Митко Ѓозев Радовиш 48 51 49 29 177
11. Љурзим Бафтовски Дебар 11 05 27 18 061
12. Зоран Јовановски Струмица 75 78 80 78 ДНФ

Воздушна пушка жени – СХ1

Име и Презиме Град 1 2 3 4 Збир
1. Елизабета Тодоровска Куманово 71 79 78 71 299
2. Олга Ристовска Скопје 53 56 53 46 208

Воздушна пушка микс – СХ2

Име и Презиме Град 1 2 3 4 Збир
1. Снежана Танески Охрид 83 90 92 91 356
2. Дејан Танески Охрид 87 86 88 88 349
3. Никола Ѓуровски Битола 76 83 83 83 325
4. Димитар Боцевски Скопје 82 80 83 77 322
5. Ангел Џуковски Скопје 79 80 78 82 319
6. Александар Талески Гевгелија 79 77 73 84 313

Воздушен пиштол микс – СХ1

Име и презиме Град 1 2 3 4 5 6 Збир
1. Оливера Наковска-Бикова Битола 95 96 93 94 98 92 568
Оливера Н.Бикова 40 истрели 378
2. Ванчо Каранфилов Скопје 90 91 91 90 91 88 541
3. Тони Митровски Скопје 88 76 84 84 81 90 503
4. Бранимир Јовановски Куманово ДНФ

 

Вториот натпреварувачки ден со почеток во 09 часот на помошниот терен на стадионот на ФК “Караорман” во Струга се одржаа натпреварите во атлетски повеќебој во фрлачки дисциплини за сите категории. Борбите се одвиваа едновремено на три борилишта: копје, ѓуле и диск. Најнапред настапија натпреварувачите во категорија седење и во категоријата жени стоење. За разлика од минатите години кога народски кажано времето чекавме да “додржи”, бидејќи обилните дождови започнуваа веднаш по завршување на натпреварите, оваа година токму спротивно беше изгор жешко и без ниедно облаче на небото. Натпреварите се одржаа на исклучително жешко време со температура од 35 степени целзиусови. Секако дека најтешко им беше на судиите кои цело време беа на теренот, без можност барем за малку да се сокријат под сенка.

Во натпреварите во атлетика беа постигнати следните резултати и пласмани:

Мажи класи Ф54-Ф57

Ѓуле Диск Копје  оени
Зоран Јовановски Ф55 Струмица 5,01 13,15 12,09 1156
Александар Јовановски Ф54 Скопје 3,35 9,18 9,23 1029
Муштеба Амети Ф55 Охрид 4,33 10,21 11,12 989
Спасе Коцев Ф55 Радовиш 4,18 12,69 9,25 984
Авни Хисмани Ф56 Тетово 4,20 11,43 10,33 941
Игор Димитриевски Ф56 Струмица 3,71 9,74 9,52 833
Сашо Тодоровски Ф57 Скопје 4,65 10,03 10,31 827

Жени класи Ф55-Ф58

Ѓуле 3кг Диск Kопје  Поени
1 Елизабета Тодоровска Ф55 Куманово 3,49 6,62 6,15 1018
2 Живка Мицова Ф56 Коцани 3,51 6,45 5,55 946
3 Елена Давитковска Ф55 Кратово 3,25 6,32 5,26 928
4 Нурие Фаризи Ф58 Струмица 2,96 7,34 6,02 742

Жени класи Ф42-Ф46 и општа

Ѓуле Диск Копје  оени
1. Нада Цветковска Ф46 Куманово 7,72 17,30 15,30 1463
2. Нада Илиоска Ф44 Кичево 7,25 14,55 12,53 1323
3. Лидија Успрцова Ф42 Штип 5,74 12,40 8,68 1318
4. Силвана Трајковска општа Скопје 6,80 15,33 14,43 1317
5. Росана Ефремова општа Скопје 6,02 15,10 14,77 1257
6. Љубинка Крстеска општа Прилеп 6,46 12,70 14,68 1233
7. Јулијана Димитриева Ф42 Штип 4,85 11,08 9,27 1199
8. Мерита Арслани Ф42 Струга 4,52 11,75 8,89 1173
9. Јасмина Стојановска општа Скопје 5,36 10,82 11,71 1017
10. Љубица Манчева Ф44 Радовиш 5,65 12,27 7,48 993
11. Велика Станишева општа Кочани 5,16 11,07 9,42 944
12. Иванка Колева општа Велес 5,08 10,71 9,71 937
13. Љуљета Ала Ф44 Струга 5,03 9,05 7,02 845
14. Јулијана Ристеска општа Кичево 4,78 8,48 8,65 830

Мажи класи Ф37-Ф46 и општа

Ѓуле Диск Копје  Поени
Александар Талески Ф46 Гевгелија 10,00 26,15 35,18 1675
Дејан Зафиров Ф42 Штип 8,10 23,27 27,40 1671
Митко Орданов Ф44 Кавадарци 9,01 25,10 27,29 1527
Димче Алексовски Ф46 Штип 9,15 24,75 26,04 1448
Николчо Пеев Ф37 Гевгелија 7,43 19,78 25,32 1404
Марјан Зафировски Ф37 Скопје 8,35 19,68 22,40 1403
Дејан Ѓорѓиевски општа Скопје 7,64 21,71 30,15 1363
Савре Бојковиќ Ф44 Куманово 7,93 23,40 22,85 1347
Имер Сефери Ф44 Скопје 7,98 21,52 22,48 1308
Сашо Ристов општа Радовиш 6,39 20,68 27,49 1224
Иван Георгиев Ф37 Штип 7,17 18,00 17,49 1190
Авни Љата Ф38 Дебар 7,03 18,15 14,94 1183
Тихо Тошев Ф42 Струмица 6,62 15,49 16,43 1167
Ванчо Иванов општа Кочани 8,06 15,71 20,77 1128
Митко Ѓозев општа Радовиш 6,78 17,92 20,95 1092
Ала Белкија Ф44 Струга 6,32 17,32 20,53 1092
Драге Марковски Ф44 Тетово 6,86 16,83 17,46 1060
Зоран Ѓорѓиевски Ф42 Куманово 5,85 14,87 13,80 1043
Дејанчо Атанасов Ф42 Гевгелија 5,48 14,96 13,23 1006
Александар Димоски Ф44 Прилеп 6,35 17,37 15,62 1004
Драги Стефановски Ф44 Куманово 6,09 14,36 16,00 939
Љурзим Бавтовски Ф44 Дебар 6,31 13,09 15,46 920
Антон Коцевски Ф42 Велес 5,32 12,54 12,06 917
Пецо Петковски Ф42 Скопје 4,74 12,25 11,18 850

 

Мора да истакнеме дека одредени спортисти во некои дисциплини не успеаја да постигнат резултати над пропишаните минимум норми, и ќе бидат предмет на разгледување од страна на стручната комисија која ќе му даде предлог на Управниот одбор како да постапи и какви мерки да преземе.

 

Истиот ден, во 17,00 часот беа спроведени натпреварите во пинг понг во сите категории. Во малата сала во склоп на спортската сала „Нико Нестор“ во Струга на три маси за пласман разигруваа натпреварувачите: мажи и жени – микс 3-5, мажи 6-8, мажи 9-10 и жени 6-10.  Резултати:

 

Мажи и жени седење (микс) класи 3-5

  1. Трајче Стојановски
  2. Муштеба Амети
  3. Ристо Фотевски
  4. Нурије Фаризи
  5. Игор Димитриев
  6. Зоран Јовановски
  7. Илчо Кангов
  8. Живка Мицова

 

Мажи класи 6-8

 

  1. Рубинчо Ристески
  2. Томи Јаневски
  3. Тони Митровски
  4. Николчо Делов
  5. Марјан Зафировски
  6. Васко Стефановски
  7. Пецо Петковски

Мажи класи 9-10

  1. Страшко Коцевски
  2. Небојша Ташиќ
  3. Дејан Алексовски
  4. Александар Димоски
  5. Ванчо Иванов
  6. Дејан Ѓорѓиевски
  7. Љурзим Бавтовски

Жени класи 6-10

  1. Олга Ристовска
  2. Снежана Танеска
  3. Лилјана Мицовска
  4. Магдалена Делова
  5. Велика Станишева

Спортистите во трите спортови кои директно се квалификувани за следните јубилејни дваесет и петти спортски игри во табелите се обележени со болдирани (затемнети) букви.

Завршната вечер беше исполнета со ведро расположение на учесниците, а истата започна со прогласување на резултатите и доделување на медали за постигнатите успеси од страна на генералниот на НФСРИМ-МПК Драган Дојчиноски. На крајот од официјалниот дел, претседателот на Мобилност Македонија ги прогласи игрите за затворени со очекување на следните 25-ти по ред спортски игри да бидат постигнати повисоки резултати и да земат учество поголем број на млади спортисти.