НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

14-ти Меѓународен „Хесенпокал 2008“

Македонската репрезентација во стрелаштво за инвалиди во состав: Бранимир Јовановски, Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска Бикова, ќе учествува на 14-то Отворено првенство на Германија “Хесенпокал 2008” што од 15-18.05.2008 година ќе се одржи во Бад Орб – Германија. Ова е исклучително силен турнир на кој ќе учествуваат повеќето од натпреварувачите во стрелаштво кои ќе учествуваат на Параолимписките игри во Пекинг и воедно првиот тест за нашите натпреварувачи – параолимпијци за формата во која во моментот се наоѓаат. Седствата за учество на овој натпревар се обезбедени од Агенцијата за млади и спорт, а нашите параолимпијци за прв пат ќе настапат со новото оружје во дисциплините воздушен пиштол и малокалибарски пиштол слободен избор кое исто така е набавено од средствата наменски обезбедени од Агенцијата за млади и спорт.
Од спортистите се очекуваат високи пласмани и потврда на нивните исклучително високи спортски квалитети преточена преку освојување на барем еден медал од овој натпревар на кој се очекува учество на натпреварувачи од преку 25 држави од светот.
Ова претставува прв тест на нашите параолимпијци – стрелци. Следниот би требало да се случи во период од 23-28.06.2008 година на првенството на Југоисточна Европа што ќе се одржи во Белград, Србија.