НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НА СВЕТСКИОТ КУП ВО НОВИ САД, СРБИЈА

Градот Нови Сад, Србија е домаќин на последниот официјален настан за стрелаштво пара спорт пред Параолимписките игри во Токио 2020 година. На стрелиштето од 1-4 јули ќе се натпреваруваат повеќе од 15 натпреварувачи од 20 држави. Големата награда на Нови Сад 2021 година, е повеќе подготвителен настан и последен тест за спортистите во пресрет на Игрите во Токио.
Денес на програмата беа дисциплините воздушен пиштол мажи (П1) и жени (П2)
Македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова, во дисциплината П2 повторно блесна и со резултат од 570 кругови го освои првото место во основниот дел (91, 96, 96, 94, 96, 97), а подоцна во финалето во сериозна битка со унгарката Криста Давид да го освои и првото место, златниот медал и Големата награда на Нови Сад за 2021 година.
Честитки за Оливера која уште еднаш ги презентираше своите неоспорни спортски квалитети и да се издигне над меѓународната елита на учеснички на овој натпревар, повеќекратни носителки на параолимписки, светски и европски медали.
Ванчо Каранфилов (539 кругови) и Александар Јовановски (538 кругови) не успеаја да се изворат за влез во финале.
Утре од 9 часот наутро на програмата е дисциплината Спорт пиштол (П3) во која настапуваат сите наши спортисти.