На 25.05.2024 година во Загреб, на терените на Спортско рекреативниот центар “ТРЊЕ”, а во рамките на одбележување на “Светскиот ден на спортот”, беше одржан завршниот состанок на проектот #gym4all – Gymnastics for children with disabilities.
По одржаната целосна презентација од страна на проект менаџерот, Марио Шкегро, која се однесуваше на сите чекори кои беа спроведени при реализација на проектот, предизвиците и потешкотиите со кои се соочувавме за време на реализацијата, изнаоѓање на адекватни решенија за истите, како и изработка на соодветен Прирачник, успешната дисиминација преку постирање на голем број на линкови од одржани настани и промоции, учесниците на проектот уште еднаш имаа можност на поставениот штанд за презентација на проектот, да поразговараат со случајните минувачи кои го посетија саемот за целите на проектот, да поделат флаери и друг рекламен материјал, а особено задоволство ни претставуваше посетата на штандот од страна на градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ