На 07.07.2022 година во хотелот „Метропол“ во Охрид се одржа церемонијата на затворање на деветото Светско првенство во шах за слепи и слабовидни, кое годинава беше одржано во Охрид, во организација на Спортската федерација на слепи и слабовидни на Република Северна Македонија, под покровителство од Агенција за млади и спорт, и помагатели НЛБ Банка, Комерцијална Банка, Сава осигурување и општина Охрид.
На првенството учествуваа 16 репрезентации.
Првото место го освои репрезентацијата на Полска, на второто место се пласира репрезентацијата на Србија, додека третото место и припадна на репрезентацијата на Украина.
Репрезентацијата на Република Северна Македонија го освои 14-то место, а најдобар успех поединечно постигна Зоран Костадиновски кој играше на третата табла освојувајќи го седмото место. На првата табла, Жарко Селковски го освои 11-то место, на втората табла Миле Чапанов се пласира на 10-то место, додека на четвртата табла Санде Атанасов го освои 14-то место.
Организаторот на Светското првенство ги покани претседателите на националните инвалидски организации да присуствуваат на церемонијата на затворање на првенството. На поканата се отповикаа претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Драган Дојчиноски.
Поврзани објави
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ
МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ПИНГПОНГАР, ОГНЕН ИЛИЕСКИ, УЧЕСТВУВАШЕ НА КАМП ВО ГРЦИЈА
ВО НИШ ОДРЖАН СОСТАНОК ЗА ПОДДРШКА НА АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ ЗА КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ