На 09.12.2023 година, во спортската сала во гимназијата “Гоце Делчев” во Куманово, во организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, а со финансиска поддршка од Општинскиот сојуз на спортови Куманово и Агенцијата за млади и спорт (ваучер за 2023), беше одржан вториот меѓународен турнир за спортисти со инвалидност на кој учествуваа 16 пингпонгари од Црна Гора, Србија, Бугарија и Северна Македонија.
Судија на натпреварот беше Мики Трендафиловски, а настанот за отворен го прогласи Срѓан Величковиќ, секретар на ОСС Куманово во присуство на претседстелот на ССРИ Куманово, Страшко Коцевски.
“Особена чест и задоволство ми беше денеска да го отворам вториот по ред меѓународен пингпонгарски турнир за лица со попреченост, кој беше во организација на Општинскиот сојуз на спортови и ССРИ Куманово, со помош на пинг-понг клуб Куманово, а по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 Декември, кој од оправдани причини се одржа со мало задоцнување. На турнирот земаа учество екипи од: Србија, Црна Гора, Бугарија, и Македонија.
Сите овие луѓе покажаа дека за да се бавиш со спорт е најбитен спортскиот дух. Нескриено беше нивното задоволство што се гости во нашиот град”.-истакна Срѓан Величковиќ, секретар на ОСС Куманово.
Во категоријата 6-8, првото место го освои Јордан Митев од Бугарија, второто Милорад Јовановиќ од Србија и третото Урош Гугољ од Црна Гора.
Во класата 9-10, првото место го освои Дејан Башановиќ од Црна Гора, второто Дарио Стошиќ од Србија и третото Страшко Коцевски од Куманово, Северна Македонија.
Поврзани објави
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024