НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

УТРИНСКИ БРИФИНГ НА СЛОБОДНА ТВ

На 18.05.2021 година, на покана на новинарот Сашо Ордановски од Слободна ТВ, претседателот Бранимир Јовановски гостуваше во емисијата Утрински брифинг.
Во 10 минутниот разговор, Бранимир Јовановски се обиде да ги претстави нашите можни учесници на Параолимписките игри во Токио 2020, да го опише накусо квалификацискиот модел за учество на игрите, но и да објасни зошто на нашата програма не се застапени поголем број на спортови од широката лепеза на спортови на Параолимписките игри, особено незастапеноста на екипните спортови, за кои ниту имаме потребна инфраструктура, опрема, ниту доволно средства за нивно практикување.
Воедно, ги повика младите лица со телесен инвалидитет, слабовидните и слепи лица, како и глувите и наглуви лица да се приклучат во работата и активностите во некој од шеснаесетте општински и меѓуопштински Сојузи за спорт и рекреација на инвалиди, како би можеле да ја поддржиме нивната спортска активност и да ги подобриме нивните спортски перфомански, пред се заради сочувување и одржување на нивното здравје, а потоа и заради нивно напредување во спортот и сопствена афирмација преку програмиран тренажен процес, како и достојна афирмација на нашата држава ширум сите меридијани на светот.