НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО

Оливера беше единствената дама во ова финале во дисциплината Спорт пиштол на 25 метри.
Таа стрелаше висок и вреден резултат во квалификациите од 571 круг, резултат за секој респект, во финалето се бореше храбро, одлучно, имаше многу десетки, но имам чувство дека среќата навистина ни го сврте грбот и не не прати на овие игри.
Во финале на оваа дисциплина се бројат само погодоци од 10,2 до 10,9. Во пракса тоа изгледа вака: погодок 10,0 е круг со дијаметар од десет сантиметри, а погодок 10,2 е круг со дијаметар од 8 сантиметри.
Значи само погодоците кои се во круг од 8 цм се бројат, останатите ништо, без оглед што се десетки (највисок погодок во мета во квалификации). Од 20 истрели, Оливера имаше повеќе од половина десетки, перфектно за дисциплина на 25 метри дистанца, но само 7 од нив беа пчасирани во круг од 8цм, а останатите малку попироко. Другите двајца стфелци пред неа кои се спасија од испаѓање имаа помалку десетки, но 8 од нив во круг од 8цм, навистина штета за Оливера,
за само еден поен заостана зад седмиот и шестиот и после исстрелани 20 куршуми мораше да се задоволи со осмото место.
Каков малер и недостаток на спортска среќа. Веднаш по неа испадна и трикратниот параолимписки шампион Парк од Кореја.
Во секој случај исклучително успешен настап на македонската спортистка на игрите во Париз.
На 4 Септември настапува во последната дисциплина на 50 метри.