Македонската репрезентација учествува на Светскиот куп во стрелаштво во Сиднеј. Бранимир Јовановски, кој е во улога на натпреварувач, селектор и тренер на нашата репрезентација со свои импресии од неговиот прв настап.
Бранимир Јовановски: „Во финале влегов како трет. Императивот за второ место кое воедно беше и директна квота за Лондон 2012 беше преголем. Многу адреналин, многу желба… мала деконцентрација… и пад на 4-тото место. Тоа е спортот – не секогаш оди по желбите и посакувањата. И останатите колеги имаа голема желба за висок пласман. Ние дадовме се’ од себе. Резултатите тоа не го кажуваат, меѓутоа сепак јас сум задоволен. Утре настапуваме на 50 м – пиштол слободен избор“.
Повеќе за случувањата на Светскиот куп во Сиднеј може да следите на http://www.ausshooting.org, а резултатите од денешниот настап може да ги погледнете и тука: Квалификации Спорт пиштол SH1 (линк); Финале Спорт пиштол SH1 (линк).
Поврзани објави
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО
8. МЕСТО ЗА ОЛИВЕРА ВО ФИНАЛЕ ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ ЖЕНИ 10м