Со настапот во дисциплината П1-Воздушен пиштол-мажи, заврши настапот на македонскиот стрелец Александар Јовановски на Светскиот куп во Осијек.
Александар со резултат од 543 кругови го освои 21-то место во конкуренција на 33 натпреварувачи во оваа дисциплина.
Да потсетиме, од 04-12.07.2023 година, во Осијек, Хрватска, се одржа Светскиот куп во стрелаштво на кој учествуваа 162 спортисти од 35 држави, од 4 континенти, меѓу кои и нашиот стрелец Александар Јовановски во придружба на неговиот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски.
Ова беше престижен натпревар на кој се освојуваа норми за учество на Светското првенство кое ќе се одржи годинава во месец септември во Лима, Перу.
Претходно, на 07.07.2023 година на програмата беше дисциплината П3-Спорт пиштол во која Александар стрелаше под неговите можности и го заврши натпреварот на 26-то место од исто толку натпреварувачи.
На 10.07.2023 година на програмата беше дисциплината П4-Пиштол слободен избор 50 метри. Во конкуренција на 29 натпреварувачи, Александар го освои 21-то место со резултат од 490 кругови, 10 помалку од очекуваниот резултат од 500 кругови што воедно ќе беше и исполнување на минимум норма (MQS) за настап на СП во Лима и во ова дисциплина.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ