НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ, НАУМЧЕ МОЈСОСКИ

Претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар на комитетот, Драган Дојчиноски, денес се сретнаа на работен состанок со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.
По средбата претседателот Јовановски истакна: „Ова беше прва работна средба со новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. Со оглед на тоа дека и двајцата сме поранешни врвни спортисти, разговорот течеше лесно, концизно и со големо разбирање за поднесените предлози. Го запознавме директорот со активностите кои ги презема нашата федерација за одржување на спортот во овие услови на светска пандемија од Ковид-19, за омасовување и мотивирање на млади лица со инвалидност да се вклучат во спортско-рекреативни активности, за потешкотиите со уновчување на ваучерите за спорт, но и за набавената електронска опрема преку средства од ваучерот за нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова, потоа за планираните подготовки на репрезентативците во периодот кој е пред нас, за напорите кои комитетот ги прави да го зголеми бројот на учесници кои ќе настапат на Параолимписките игри во Токио 2020 преку аплицирањето за Уноверзална вајлд карта во атлетика, но и со апликацијата која претстои за бипертитна вајлд карта во стрелаштво, за финансиските проблеми со кои се соочуваме при реализација на програмските активности особено за зголемување на број на спортови од широката лепеза на спортови од програмата на Параолимписките игри, како и за други прашања од битен интерес на спортистите со инвалидитет“.
Директорот Мојсоски ја искажа неговата целосна поддршка за активностите на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија и истакна дека лично ќе се заложи, во рамките на можностите, да овозможи услови за што подобри подготовки на нашите параолимпијци за што поуспешен настап во Токио годинава.