Претседателот на Одборот за параолимписки игри при НФСРИМ-МПК, Бранимир Јовановски и генералниот секретар на НФСРИМ-МПК, Драган Дојчиноски, на 15.09.2017 годин одржаа работен состанок со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. На состанокот директорот го запознавме со активностите на федерацијата, досегашните успеси, но и предизвиците пред кои се наоѓаат спортистите со инвалидност, пред се пред претстојниот квалификациски систем за Параолимписките игри во Токио 2020. Добивме ветување дека агенцијата финансиски ќе ја поддржува програмата на параолимпијците, пред се за учество на меѓународни натпревари од кои очекуваме високи пласмани, освојување на директни квоти за учество на Параолимписките игри во Токио 2020 и афирмација на Република Македонија во светото.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ