На 11.05.2022 година, во просториите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија се одржа работен состанок помеѓу Даниел Димовски, претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ) и Бранимир Јовановски, претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија (ПКСМ). На состанокот присуствуваа и генералниот секретар на ПКСМ, Драган Дојчиноски и тренерот по кошарка, Саша Димитриевиќ.
Тема на состанокот беше можноста спортистите во кошарка во количка да користат еден од терените на Спортскиот центар „Јане Сандански“ за тренинг и играње на натпревари. На наше големо задоволство и со целосна поддршка од претседателот Димовски, начелна согласност е постигната, останува да се набави потребната опрема (пред се специјализирани колички за кошарка), да се направи план на тренинзи, и секако најважното, да се обезбедат донатори и спонзори кои ќе ја затворат финансиската конструкција неопходна за покривање на трошоците на спортистите и стручните лица за непречено одржување на тренинзи и натпревари.
Следна фаза на иницијативата за започнување со екипниот спорт кошарка во колички е формирање на клуб, но и комуникација со донаторите за забрзување на постапката за набавка на опрема и реквизити.


Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024