НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПРЕДНОВОГОДИШЕН ТУРНИР, МЕЃУОПШТИНСКА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНА СРЕДБА ВО КУМАНОВО

Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, на 24.12.2022 година во ресторан „Грација“ во Куманово, со почеток во 10:00 часот ја организираше спортско-рекреативната средба на лицата со инвалидност во шах, пинг понг и електронско пикадо.
На средбата настапија натпреварувачи од Куманово, Скопје, Велес, Штип, Кочани, Лесковац и Ниш.
Во турнирот во шах, настапија 12 шахисти кои играа 6 кола со темпо 10 минути по играч. Првото место го освои Јанќо Ѓерѓиевски од Куманово со 5 поени, на второто место се пласира Мирослав Бучевски од Скопје со 4,5 поени, на третото Стојанче Стеријоц од Штип со 4 поени, на четвртото Горан Војновски од Кочани со 4 поени, на петтото место Живко Станковски од Крива Паланка со 3,5 поени, на шестото младиот Александар Стојчевски од Скопје со 3,5 поени, на седмото Адем Неби од Скопје со 3 поени, на осмото место Тоде Арсов од Штип со 3 поени, на деветото Билал Биберовиќ од Велес со 2,5 поени, на десетото место Димитар Цафовски од Штип со 2 поени, на единаесеттото место Благој Петров од Велес со 1 поен и на дванаесеттото место Лилјана Мицовска од Кочани.
Во пикадо настапија 22 натпреварувачи, стрелаа 3 серии по 3 стрелки а погодоците се собираа. Првото место го освои Лилјана Мицовска од Кочани со 252 поени, второто Тоде Арсов од Штип со 153 поени, а третото Александар Стојчевски од Скопје со 151 поен.
Во пинг понг настапија 8 натпреварувачи од Куманово, Скопје, Ниш и Лесковац. Првото место го освои Небојша Китиќ, второто Небојша Илиќ, а третото Милош Тасиќ, сите од србија. Најдобар македонски спортист беше Марјан Зафировски од СКопје кој го освои четвртото место.
По завршување на спортскиот натпреварувачки дел, за сите учесници беше организиран заеднички ручек на кој беа доделени дипломите и наградите.
Посебна благодарница за долгогодишна соработка, поддршка и разбирање му беше врачена на сопственикот на ресторан „Грација“, Влајко Стојчевски.
Средства за организација на овој натпревар се обезбедени од Агенција за млади и спорт со финансиска поддршка од Општински спортски сојуз на Куманово и Федерацијата Спорт за сите.