НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Она што Ве интересира, а не сте знаеле за ПИ Пекинг

4.000 спортисти од преку150 држави од светот ќе земат учество на 13-те Параолимписки игри што од 06-17.09.2008 година ќе се одржат во Пекинг, Народна Република Кина. Заедно со нив ќе бидат и 2.500 тренери, придружници и друг технички персонал. Исто така околу 4.000 новинари, фоторепортери, радио и телевизиски коментатори, како и други официјални технички лица ќе се обидат успешно да ги “покријат” игрите.
BOCOG (Bejing Organizing Commitee for Olympic Games) ќе овозмоши услуги со еднаков квалитет за спортистите учесници на Олимписките и Параолимписките игри. За прв пат во историјата на олимпизмот, BOCOG ќе ги покрие трошоците за превоз, исхрана и сместување на сите спортисти и официјални технички лица кои ќе учествуваат на Параолимписките игри.

BOCOG е формиран на 31.12.2001 година и претставува организационен комитет за 29-те Олимписки игри и 13-те Параолимписки игри.Тој е одговорен за подготовка и одржување на сите настани на Олимписките и Параолимписките игри.
На програмата на Параолимписките игри ќе бидат 20 спортови со вкупно 471 дисциплина. Голбалот, боќањето и рагби во колички се уникатни игри на Параолимписките игри. За прв пат веслањето ќе биде вклучено во програмата на параолимписките игри. Натпреварите во едрење ќе се одржат во Квинѓао (Љуингдао), додека натпреварите во коњички спортови во Хонг Конг. Останатите натпревари ќе се одржат во Пекинг (Беијинг).
Натпреварите ќе бидат спроведени на 20 борилишта од кои 11 се новоизградени, 4 адаптирани од веќе постоечките и 5 привремени спортски објекти. Во принцип, Параолимписките игри се спроведуваат на исти борилишта на кои се одржуваат и Олимписките игри, но исто така и не-натпреварувачките објекти, Параолимпискиото село, Хотелот на Параолимпиското семејство, Главниот прес центар се исти. За време на одржување на игрите, специјално прилагодени автобуси, возови и метроа ќе им овозможат на посетителите со инвалидност полесно да ги посетуваат борилиштата, но и да ги посетат продавниците, рестораните, хотелите па дури и можноста за организирано разгледување на градот. Ќе бидат пуштени во употреба околу 2.500 адаптирани за лица со инвалидност автобуси во Пекинг. Во самото Олимписко и Параолимписко село ќе кружат околу 50 автобуси кои ќе се движат на погон на литиумски батерии. Во метрото на линијата број 1 која ги поврзува источен и западен Пекинг со излез на прославениот плоштад Тиананмен во центарот на Пекинг, ќе бидат пуштени нови 120 возови, додека на линијата 2 ќе бидат пуштени нови 144 возови. Новиот воз во метрото долг 114 и широк 2,8 метри ќе може да прими одеднаш максимално 1.820 патници и во вагоните ќе има инсталирано ЛЦД екрани кои ќе даваат информации за времето, како и резултати од олимписките дисциплини кои се во тек. Новите возови се климатизирани и со подобра вентилација од претходните, а секој од нив има по 4 лифтови за инвалидски колички и простор посебно дизајниран за патници со инвалидски колички.
Минимум 1,5 милиони билети ќе бидат во продажба за време на одржување на Параолимписките игри. Генерално билетите ќе бидат поевтини од оние за Олимписките игри, меѓутоа билетите за церемониите на отварање и затварање на игрите ќе бидат драстично поскапи отколку што чинеа на претходните Параолимписки игри. BOCOG планира да даде комплетна информација за посетеноста на Параолимписките игри во октомври.
Пресметано е дека за Параолимписките игри е потребно да се ангажираат околу 30.000 волонтери. Прибирањето на понудите за волонтирање на Олимписките и Параолимписките игри започна официјално на 28.08.2006 година. Во јануари 2007 година започна регрутирањето на волонтерите надвор од Пекинг, а во март 2007 година започна регрутирање на волонтери во Хонг Конг, Макао, Кинески Тајпеј… На крајот на јули 2007 година беа примени повеќе од 500.000 пријави. Меѓу нив, повеќе од 80% аплицираа за волонтери и на Параолимписките игри.
Амблемот на Параолимписките игри во Пекинг наречен “Небо, земја и овечко битие” е стилизирана фигура на спортист во движење кој содржи огромен напор на инвалидизараното лице во изведба на спортот, но исто така и во обичниот живот. Со уникатноста и хармонијата на “небото, земјата и човекот” амблемот го инкомпорираат кинеските букви, калиографија и параолимпискиот дух. Тоа го отелотворува Параолимпиското мото “Спирит ин Мотион” и ја отсликува интеграцијата на срцето, телото и духот во човекото битие – езгро на филозофијата на кинеската култура. Трите бои на амблемот ги симболизираат сонцето (црвената), небото (сината) и земјата (зелената).
Параолимписката маскота е наречена Фу Ниу Леле и нејзиниот дизајн е определен од инспирацијата на авторот од земјоделско одгледување на култури на старата кинеска цивилизација и во себе ја носи главната карактеристика да го покаже богатиот концепт на Параолимписките игри. Кравата, симбол на реалистичен, трудољубив, цврст, верен, непокорен дух, го прикажува постојаниот дух и напор на спортистите со инвалидност да бидат колку што е можно подобри. Детерминираниот, оптимистички и вреден дух на кравата го одразува позитивниот став во животот. Параолимписките игри се организираат да им овозможат на лицата со инвалидност да ги уживаат еднаквите права со останатата популација да се натпреваруваат во спортот како и сите други, и да постигнуваат спортски резултати кои нема да ги остават рамнодушни љубителите на спортот во светот. Кравата, како едно од животните блиски на човекот, е мошне позната како благонаклонета кон лицата кои се грижат за неа.
Дизајнот на медалите за Параолимписките игри во Пекинг е инспириран од древниот кинески диск од жад со змејова шара. Медалот е диск од жад на чија предна страна во центар е прикачен амблемот на Параолимписките игри во Пекинг. Бојата на жадот варира за златниот, сребрениот и бронзениот медал од бела, сиво-бела до сива.
Дизајнот и шарата на Параолимписките медали е сличен на оние од Олимписките игри симболизирајќи ја убавината и заедничкиот респект на сите луѓе. Медалот за Параолимписките игри ја има истата вредност и почест со оној од Олимписките игри и претставува најдобар симбол на девизата “Еден свет, еден сон”.
Жад културата во Кина има традиција подолга од 8.000 години. Диск од жад бил користен во ритуалните игри и големите церемонии во древна Кина. Поред тоа кинеската нација има традиција во поглед на жад како највисок симбол на моралност и чедност. Употребата на жад на Параолимпискиот медал претставува чесност и препознатливост на победниците како и модерна интерпретација на традиционалната вредност на кинескиот народ.
Дипломите од Параолимписките игри ќе бидат печатени на кинеска хартија произведена на традиционален начин. Кинеската хартија е топла, богата, рамна и чиста во текстура.Ќе бидат испишани со свежа, префинета боја која ќе дава елеганција на умерено свиткани книжни букви на кинеското писмо.

    

Линк до Официјалната страна на Параолимписките игри во Пекинг 2008 – тука.