На Олимписките игри за глуви 18-30.07.2017 Самсун,Турција-настапија и 5 македонски спортисти,во три спортски дисциплини.
Најголеми очекувања,секако беа од пливачот Андреј Стојаноски,кој ги исполни очекувањата со три финалиња од три дисциплини во кои учествувал. 400 мешано 4 место,400 слободно 5 место и на 1.500 слободно 8 место.Дисциплина во која пред 2 год.освои сребрен медал.Така да нашите очекувања беа големи.Меѓутоа се појавија пливачи,кои до сега не учествуваа на големи натпревари а имаа подобри резултати од Андреј.
Во дисциплината воздушен пиштол 10 м. нашите стрелци постигнаа солидни резултати.Андријана Грковска за прв пат учествуваше на званичен натпревар и со електронско мерење.До последната серија имаше шанси за влез во финале,меѓутоа неискуството на крај си го направи своето и го освои 13 место.Седмаков Светлан,со неколку грешки во финишот не се пласира во финалето и го освои 13 место од 18 стрелци.
Атлетичарите солидни.Имајќи во предвид дека прв пат настапуваат на званичен натпревар и ова им се први резултати со електронско мерење.Талески Давор на 100 м.беше 56 од 62 кои ја завршија трката(20 дисквалификувани а Самир Цеховиќ беше 59. На 200 м. Давор Талевски го освои 56 место 59 атлетичари а Самир Цеховиќ беше 57((18 атлетичари беа дисквалификувани)
Нашата федерација упати писмо до светската асоцијација ИЦСД со забелешка за големи пропусти,кога е во прашање аудиограмот за спортистите.Во правилата,задолжително сите нови спортисти мора да прават аудиограм.Што предизвика сомнеж,кај многу држави дека имало и чујучи спортисти.Исто така не се вршеше допинг контрола на носители на медал.Ниту сме слушнале дека некој пошол на допинг контрола.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ