Нашата Параолимписка репрезентација пристигна во Пекинг. По сместувањето во Олимпиското село, се одржа церемонија на дигање на Македонското знаме и интонирање на Македонската химна.
На оваа церемонија присуствуваше и градоначалникот на Олимпиското село како и репрезентациите на Кипар и Зимбабве.
Стрелците имаа можност да се запознат со стрелиштето и да изведат тренинг. Според зборовите на селекторот – Бранимир Јовановски, спортистите се чувствуваат одлично и се полни со енергија за освојување на високи пласмани.
Поврзани објави
АЛЕКСАНДАР НАСТАПИ НА СП ВО ЛИМА ВО ДИСЦИПЛИНАТА П4-ПИШТОЛ СЛОБОДЕН ИЗВОР
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО, ЛИМА, ПЕРУ 19-29.09.2023
WSPS GRAND PRIX NOVI SAD 2023