МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ „ВАРНА 2016“
Пингпонгарскиот клуб „Никеја“ од Варна беше домаќин на меѓународен натпревар во пинг понг кој се одржа во Варна од 21-24.04.2016 година. На натпреварот со свои натпреварувачи настапија осум држави: Русија, Украина, Молдавија, Романија, Турција, Бугарија, Македонија и Црна Гора. Учесниците на турнирот ги платија само патните трошоци, додека сите други трошоци беа покриени од домаќинот со финансиска поддршка од градоначалникот на Варна.
За репрезентцијата на Македонија настапија селекторот Страшко Коцевскии селектираните спортисти: Игор Постолов, Дејан Ѓорѓиевски и Томи Јаневски.
Во класи 6-7, во екипна конкуренција нашата екипа во состав Игор Постолов и Томи Јаневски го свои 4-то место од вкупно 6 екипи. Во разигрувањето за бронзениот медал загубија со 3:1 во сетови од парот Пијетро Паљушевиќ и Ѓуро Кривокапиќ од Црна Гора. Во истата класа поединечно (микс, мажи и жени), во конкуренција на 9 натпреварувачи, Томи Јаневски заврши како второпласиран во својата група од четири натпреварувачи, се пласира во полуфиналето и разигруваше за трето место каде загуби со 3:0 од бугарката Валентина Марчева и го освои конечното четврто место. Игор Постолов заврши како четврто пласиран во својата група од пет натпреварувачи и не се пласира во полуфиналето.
Во класа 9-10, во поединечна конкуренција настапија 10 натпреварувачи поделени во две групи од по пет натпреварувачи. Страшко Коцевски го освои третото место во својата група, додека Дејан Ѓорѓиевски го освои четвртото место и со тоа и двајцата не се пласираа за полуфиналните борби.
Голема благодарност до пингпонгарскиот клуб „Никеја“ од Варна и неговиот претседател Ѓорѓи Колев за поканата за учество на овој прекрасен спортски настан.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
РУБИНЧО РИСТЕСКИ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА 8. МЕЃУНАРОДЕН ПИНГПОНГ ФЕСТИВАЛ ВО ЛЕРИН, ГРЦИЈА
МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ УЧЕСТВУВААТ НА 8th INTERNATIONAL TABLE TENNIS FESTIVAL FLORINA, GREECE