Македонските пинг-понгари Миодраг Игњатовиќ, Томи Јаневски и Марјан Зафировски, ќе учествуваат на меѓународниот турнир кој ќе се одржи од 29.04 – 04.05.2008 година во Лашко, Словенија. Наведените спортисти потребните средства за учество на овој турнир ги обезбедија од спонзори, а на турнирот се очекува..да учествуваат, заради подготовки и контролни натпревари, поголем број на учесници на Параолимписките игри во Пекинг 2008 година. Нашите спортисти покрај стекнување на меѓународно искуство, бидејќи освен Тони Јаневски кој минатата година учествуваше на Европското првенство во Словенија, Миодраг Игњатовиќ и Марјан Зафировски се дебитанти, ќе се стекнат и со меѓународна класификација. Да им посакаме убав пат, пријатен престој и спортски резултати од натпреварот.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
РУБИНЧО РИСТЕСКИ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА 8. МЕЃУНАРОДЕН ПИНГПОНГ ФЕСТИВАЛ ВО ЛЕРИН, ГРЦИЈА
МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ УЧЕСТВУВААТ НА 8th INTERNATIONAL TABLE TENNIS FESTIVAL FLORINA, GREECE