ЗАПОЧНУВААТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ПАРИЗ 2024
Македонските параолимпијци-стрелци: Оливера Наковска-Бикова, Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски, придружувани од нивниот тренер Бранимир Јовановски и генералниот секретар на ПКСМ, Драган Дојчиниски, од 04-13.06.2022 година учествуваат на најголемиот до сега организиран Светски куп во стрелаштво за спортисти со инвалидитет, кој се одржува во Шатеро, Франција.
На Светскиот куп учествуваат 270 спортисти од 52 држави од целиот свет, а на истиот се доделуваат и првите директни квоти за учество на Параолимписките игри во Париз 2024 година. Таква привилегија ќе ја добијат само првопласираните во секоја дисциплина пооделно.
Атмосферата во тимот е одлична, нашите спортисти се подготвени за настап, утре (07.06.2022) со почеток во 09:00 часот стартуваат во дисциплината П3-Спорт пиштол на 25 метри.
Финалните борби во секоја дисциплина ќе бидат пренесувани на Youtube каналот на World Shooting Para Sport (WSPS).
Следна дисциплина на програмата е на 08.06.2022 година и тоа П6-Воздушен пиштол микс, во која настапуваат како тим Оливера Наковска Бикова и Александар Јовановски.
Потоа следат на 09.06.2022 година П4-Пиштол слободен избор 50 метри, и на 11.06.2022 година воздушен пиштол (П1-мажи и П2-жени).
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ