НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет 2013

На 14 и 15.09.2013 година во хотел „Галеб“ во Струга, во организација на Мобилност Македонија беше одржано 25-то државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.

На првенството учествуваа 20 натпреварувачи од кои 10 директно пласирани од минатогодишното првенство. Натпреварот се одржа по Швајцарски систем во 7 кола каде редоследот се одредуваше врз основа на број на освоени поени, а во случај на еднаков број на поени, повисокиот пласман се пресметуваше најнапред врз основа на прогрес, па потоа Бухолц, број на победи и тн.

И оваа година натпреварот беше спроведен со компјутерски програм за составување на парови и одредување на пласман, судии на натпреврот беа Драган Дојчиноски и Бранимир Јовановски, а во случај на конфликтна ситуација конечен збор согласно одлуката на самите играчи имаше Јанчо Ѓорѓевски.

Во исклучително фер и коректна борба, првото место го освои Горан Војновски од Кочани со освоени 6 поени, колку што освои и второпласираниот Јанчо Ѓорѓевски од Куманово кој имаше послаб прогрес, додека третото место му припадна на Атли Горенца од Дебар со освоени 5 поени.

Табела на конечен пласман:

Пласман Име и презиме Мобилност Поени Прогрес Бухолц Победи
$11.        Горан Војновски Кочани 6 25,0 29,5 6
$12.        Јанчо Ѓорѓевски Куманово 6 21,0 30,5 6
$13.        Атли Горенца Дебар 5 21,0 27,5 5
$14.        Тоде Арсов Штип 4,5 22,0 28,0 4
$15.        Љупчо Филипов Кочани 4,5 21,0 32,5 4
$16.        Адем Неби Скопје 4,5 19,5 27,5 4
$17.        Мирослав Бучевски Скопје 4 18,0 27,0 4
$18.        Слободан Димоски Прилеп 4 16,0 30,0 4
$19.        Живко Станковски Крива Паланка 4 15,0 26,0 4
$110.    Билал Биберовиќ Велес 4 13,0 17,0 4
$111. Даниел Нунески Охрид 3,5 12,5 25,0 3
$112. Буран Бала Дебар 3,5 12,5 23,0 3
$113. Благој Петровски Велес 3 16,0 26,0 3
$114. Васил Коцев Скопје 3 11,0 19,0 3
$115. Васко Стефановски Битола 3 10,0 21,5 3
$116.    Горјан Свеќанцоски Прилеп 2,5 10,5 23,0 2
$117.    Венко Голабоски Охрид 2 9,0 20,0 2
$118.    Баки Османи Дебар 2 5,0 20,0 2
$119.    Тодорче Гиновски Велес 1 2,0 19,5 1
$120.    Иле Панзов Свети Николе 0 0,0 17,5 0

Првопласираните 10 натпреварувачи директно се пласираа за следното 26-то државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија, додека последните 5 натпреварувачи немаат право да учествуваат на следното првенство. За првопласираните 3 натпреварувачи беа обезбедени медали кои им ги додели претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски.