НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2020

Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија, на 03.10.2020 година на терасата на „Конгресен Центар“ во Охрид, одржа поединечно државно првенство во шах за лица со инвалидност.
На натпреварот учествуваа 16 шахисти, по четворица најдобри шахисти од сојузите на: слепи лица, телесно инвалидизирани лица, глуви лица и цивилни инвалиди од војната.
Државното првенство го отвори претседателот на Параолимпискиот комитет, Бранимир Јовановски кој во својот поздравен говор истакна:
„Спортот ја има моќта и убавината да ги зближува и обединува луѓето, да ги премостува и прифаќа разликите. Спортистите заедно се радуваат на постигнатите успеси, тагуваат за поразите, меѓутоа токму поразите ги мотивираат уште посилно да продолжат со тренинзите и да ги подобрат своите спортски перформански. Спортот значи и гушкање, честитање, смеење и радување. За жал, годинава заради пандемијата од КОВИД-19, многу спортски настани беа откажани, а оние кои се одржаа се одржаа во видоизменет формат. Еве и денес, ќе ги следиме протоколите и мерките за безбедно одржување на натпреварот, ќе ги одбегнеме поздравувањата, честитањата, ќе носиме маски за целовреметраење на натпреварот, но сето тоа нема да ја намали желбата и надежта ова состојба да трае што е можно пократко и во блиска иднина да им се вратиме на вистинските спортски навики и другарување. На сите спортисти им посакувам максимална концентрација, успех и нека победи најдобриот. Со ова го прогласувам државното првенство во шах за отворено.“
Откако беше извршено жребање и определени паровите за првото коло, натпреварот започна со стартување на часовниците на натпреварувачите кои играа со бели фигури.
Судии на натпреварот беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски, темпо на игра 30 минути по играч, со тоа што потполно слепите шахисти добиваа дополнителни 5 минути време, а по одиграните пет кола по исклучително фер и коректна борба, редоследот беше следен:
  1. Жарко Селковски од Тетово со 4,5 поени
  2. Тоде Зафировски од Тетово со 4 поени
  3. Горан Војновски од Кочани со 3,5 поени (15,0 бухолц)
  4. Зоран Костадиновски од Скопје со 3,5 поени (13,5 бухолц)
  5. Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со 3,5 (13,0 бухолц)
  6. Мирослав Бучевски од Скопје со 3 поени (15,5 бухолц)
  7. Насуф Исаки од Скопје со 3 поени (11,5 бухолц)
  8. Благоја Мишовски од Прилеп со 2,5 поени (11,5 бухолц)
  9. Филип Арсов од Прилеп со 2,5 поени (8,5 бухолц)
  10. Мусли Пајазити од Скопје со 2 поени (15,0 бухолц)
  11. Коста Костов од Куманово со 2 поени (13,0 бухолц)
  12. Вангел Жабев од Велес со 2 поени (11,5 бухолц)
  13. Мустафа Велиот од Штип со 1 поен (11,0 бухолц)
  14. Васко Марков од Скопје со 1 поен (10,0 бухолц)
  15. Мевљан Пајазити од Куманово со 1 поен (10,0 бухолц)
  16. Бурхан Махмудовски од Куманово со 1 поен (9,5 бухолц)