Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски Параолимписки Комитет на 20.12.2007 година во 12 часот во просториите на ДХО “Даре Џамбаз” во Скопје, изврши прогласување на најдобрите спортисти за 2007 година во меѓународна и домашна програма.
За „Најдобар спортист“ беше прогласен Бранимир Јовановски (205 поени), на второто место е прогласен Ванчо Каранфилов (195 поени) и на третото место беше прогласена Оливера Наковска Бикова (110 поени).
За најдобри спортисти од домашни првенства беа прогласени: Оливера Наковска Бикова, Вергита Сули и Лилјана Мицовска, сите со освоени 18 поени.
Спортистите и стручните лица од ФСРИМ – МПК се најдоа и на листата на најдобри спортисти и тренери на изборот за „Најдобар спортист на Македонија“ во организација на Агенција за млади и спорт, Сојуз на спортски федерации на Македонија, Факултет за физичка култура и Македонски Олимписки Комитет, што се одржа на 24.12.2007 година во хотелот „Холидеј Ин“ – Скопје.
На овој избор, Оливера Наковска Бикова, за освоеното второ место на Европското првенство во стрелаштво во дисциплината воздушен пиштол, го освои шестото место на листата на најдобрите спортисти сениори/ки, а нејзиниот тренер – Бранимир Јовановски се најде на второто место на листата на најуспешни тренери на Македонија за 2007 година.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ