НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПОДЕЛЕНИ 76 (ОД ВКУПНО 154) ДИРЕКТНИ КВОТИ ВО СТРЕЛАШТВО ЗА ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ТОКИО 2020

-Tokyo 2020 Paralympic Games Quota Distribution-76 direct quota (out of 154) was distributed in sport shooting for Paralympic Games in Tokyo 2020

На Светското првенство што се одржа во Чеонгју, Кореја во 2018 година, Светскиот куп во Шатони, Франција во 2018 година и штотуку завршениот Светски куп во Ал Аин, ОАЕ, 76 спортисти од 29 параолимписки комитети освоија директни квоти за своите држави за учество на Параолимписките игри во Токио 2020. Меѓу нив е и Македонскиот параолимписки комитет и нашата спортистка, Оливера Наковска-Бикова.

Најмногу директни квоти имаат исиено стрелците од Кореја, вкупно 10, потоа стрелците од Кина со 9 квоти а на третото место е Украина со 7 квоти.

Согласно пропозициите, една држава може да освои максимално 12 квоти, од кои максимално 8 по пол (машки или женски). Само спортистите од Кореја го имаат исполнето максимумот по пол, осносно досега имаат освоено 8 квоти во конкуренција на мажи. Според бројот на освоени квоти по пол, на второ место е Кина со 6 квоти во машка конкуренција и Украина, со 5 квоти во машка конкуренција. Во женска конкуренција состојбата е поинаква, односно најмогу квоти има освоено Кина (3 квоти) и во таа конкуренција претстојат жестоки борби за квоти.

Следен и претпоследен настан на кој ќе се освојуваат квоти е Светското првенство во Сиднеј, Австралија во октомври 2019 година. Во пиштолските дисциплини бројот на квори кои ќе бидат доделени е следниот:
П1-воздушен пиштол мажи, 3 квоти
П2-воздушен пиштол жени, 2 квоти
П3-спорт пиштол, 4 квоти (2 најдобро пласирани мажи, една најдобро пласирана жена и еден најдобро пласиран без оглед на пол).
П4-пиштол слободен избор 4 квоти (2 најдобро пласирани мажи, една најдобро пласирана жена и еден најдобро пласиран без оглед на пол).

Ќе биде тешко, но тоа е и добар мотив за нашите спортисти на кои ќе им треба целосна поддршка во нивниот тренажен процес. Сето ова го доставивме до Агенцијата за млади и спорт, очекуваме повторен состанок со директорот и со секторот за спорт при Агенцијата за млади и спорт, спортистите се во добра здравствена и тренажна кондиција и се надеваме на најдобро.

Како и да е, работите полека се кристализираат и најдобрите го пробиваат патот за настап на најголемиот светски настан за спортистите со инвалидност во 2020 година, Параолимписките игри во Токио.

Подолу во линкот можете да го видите шематскиот приказ на освоените квоти по држави, како и листата на спортисти кои ги освоите квотите (тие повеќе немаат можност да освојат квота до крајот на циклусот).