Во Варна, Бугарија од 18-19.05.2018 година се одржа меѓународен турнир во пинг-понг за лица со инвалидност ,,4 th International Table Tennis tournament Varna Seagull CUP”.
На турнирот учество зедоа пинг-понгари од 6 држави и тоа од : Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија и Грција
Македонија учествуваше со 5 претставници, и тоа: Страшко Коцевски , Небојша Ташиќ, Марјан Зафировски, Зоран Трајановски и Рубинчо Ристески.
На првиот натпреварувачки ден се играше во ПОЕДИНЕЧНА конкуренција и притоа беа забележани следните резултати:
КЛАСА 6-7
2 – место Рубинчо Ристески
4 – место Марјан Зафировски
КЛАСА 9
3 – место Страшко Коцевски
На вториот натпреварувачки ден се играше во ЕКИПНА конкуренција а Македонија во класа 6-7 го освои турнирот.
КЛАСА 6-7
1 – место – Македонија
(Рубинчо Ристески и Марјан Зафировски)
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
РУБИНЧО РИСТЕСКИ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА 8. МЕЃУНАРОДЕН ПИНГПОНГ ФЕСТИВАЛ ВО ЛЕРИН, ГРЦИЈА
МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ УЧЕСТВУВААТ НА 8th INTERNATIONAL TABLE TENNIS FESTIVAL FLORINA, GREECE