Oдржано 24-то државно првенство во шах за лица со телесeн инвалидитет
На 06-07 октомври 2012 година во хотел „Цар Самуил“ во с.Банско, Струмица, беше одржано дваесет и четвртото државно првенство во шах за лицата со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и Националната федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет. Првенството се играше по Швајцарски систем во седум кола, викенд правила на ФИДЕ, со темпо на игра – 30 минути по играч. За победниците при ист број на поени решаваа подобар прогрес, потоа бухолц, број на победи – по приоритет.
На првенството беа постигнати следните резултати:
Пласман | Презиме и Име | Мобилност | Поени | Прогрес |
1 | Бучевски Мирослав | Скопје | 7.0 | 28.0 |
2 | Ѓорѓевски Јанчо | Куманово | 6.0 | 24.0 |
3 | Османи Баки | Дебар | 5.0 | 20.0 |
4 | Нуневски Даниел | Охрид | 5.0 | 19.0 |
5 | Петровски Благоја | Велес | 4.5 | 20.5 |
6 | Горенца Атли | Дебар | 4.5 | 19.5 |
7 | Зекирија Изет | Тетово | 4.5 | 17.5 |
8 | Биберовиќ Билал | Велес | 4.0 | 18.5 |
9 | Филипов Љупчо | Кочани | 4.0 | 18.0 |
10 | Димовски Слободан | Прилеп | 4.0 | 16.0 |
11 | Фотевски Ристо | Скопје | 4.0 | 16.0 |
12 | Војновски Горан | Кочани | 4.0 | 15.0 |
13 | Мекиќ Хакија | Скопје | 3.5 | 15.0 |
14 | Илијоски Трајко | Прилеп | 3.5 | 10.5 |
15 | Стефановски Васко | Битола | 3.0 | 14.0 |
16 | Арсов Тоде | Штип | 3.0 | 14.0 |
17 | Дојчиновски Бошко | Кичево | 3.0 | 13.0 |
18 | Атанасовски Дејанчо | Гевгелија | 3.0 | 11.0 |
19 | Абов Наум | Скопје | 3.0 | 10.0 |
20 | Симоновски Благоја | Скопје | 3.0 | 9.0 |
21 | Саздов Блажо | Свети Николе | 2.5 | 13.0 |
22 | Јовановски Зоран | Струмица | 2.0 | 5.0 |
23 | Ѓорѓиев Иван | Штип | 1.5 | 6.5 |
24 | Коцевски Страше | Куманово | 1.5 | 6.5 |
25 | Јованов Петре | Радовиш | 1.0 | 2.5 |
26 | Костов Ѓоко | Кавадарци | 1.0 | 2.0 |
Согласно пропозициите, првопласираните 10 шахисти се стекнаа со право на директно учество на следното првенство, додека последно пласираните 5 спортисти немаат право на учество на следното првенство. Медалите на првопласираните три натпреварувачи им ги додели претседателот на Мобилност Македонија. Согласно пропозициите, првопласираните 10 натпреварувачи директно се пласирани за следното 25-то државно првенство во шах за лицата со телесен инвалидитет на Македонија, додека последните 5 натпреварувачи го губат правото на настап за следното државно првенство.
Поврзани објави
МАКЕДОНСКИТЕ ШАХИСТИ СО ИНВАЛИДНОСТ НАСТАПИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „СКОПЈЕ ОПЕН 2023“
МЛАДИОТ ШАХИСТ АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА 22nd IPCA World Individual Chess Championship 2023
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ