Paris 2024 has selected its Torchbearers!
Пристигнувањето на Олимпискиот оган во Марсеј со бродот со три јарболи „Белем“ на 8 мај 2024 година, ќе го означи почетокот на патувањето на носителите на факелот низ Франција. Од 11.000 носители на факелот (10.000 за Олимпискиот факел и 1.000 за параолимпискиот факел), 80% добија потврда во понеделникот дека ќе го носат факелот. Конечните идентитети ќе бидат откриени најдоцна до април. Некои од имињата на носителите на факелот ќе се чуваат во тајност, до последен момент за да се задржи елементот на изненадување, особено на спортистите и познатите личности.
Примерот на оние кои беа избрани како дел од кампањата Клуб Париз 2024 се:
Бенџамин, 43-годишен музичар кој ја поминал Франција со велосипед и покрај тоа што е квадриплегичар;
Хајет, 21-годишен волонтер кој е посветен на образованието преку спорт во приоритетните населби;
Марк, искусен спортист кој на 70-годишна возраст не може да се засити од екстремните предизвици;
Мари, 37, која работи секој ден за да се бори против хроничните болести и да им помогне на децата со аутизам;
Вилијам, 30-годишен капетан (скипер) кој е страстен за наутичките иновации;
Ранитеа, 19-годишна студентка од Полинезија, која е силно посветена на развојот на женскиот спорт.
Носителите на факелот ќе бидат од сите возрасти, 50% од нив се жени и 50% мажи, кои со носењето на факелот низ 400 населени места вклучувајќи и пет прекуморски региони, ќе се сретнат со жителите и ќе го отворат патот за Игрите и прославите. Со носење на олимпискиот и параолимпискиот оган низ улиците на Франција, носителите на факелот ќе го означат почетокот на прославите низ целата земја. Од 8 мај 2024 година, кога олимпискиот оган ќе пристигне во Марсеј, тие ќе го подигнат нивото на возбуда во секој регион од Франција за да ја подготват јавноста за пристигнувањето на Игрите.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ