НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

МЛАДИОТ ШАХИСТ АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА 22nd IPCA World Individual Chess Championship 2023

Од 13-21.06.2023 година во Србија, се одржа 22nd IPCA World Individual Chess Championship 2023 (22-ро ИПЦА светско индивидуално првенство во шах) на кое учествуваше и младиот шахист, стипендист на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Александар Стојчески.
По одиграни 9 кола, со темпо од 90 минути по партија со додавање на 30 секунди на шахистите после секој одигран потег, во конкуренција на 26 шахисти, младиот Александар го освои 24-то место со 2,5 поени.
На 20.06.2023 година се одигра натпревар во Рапид, 10 минути за партија со додавање по 5 секунди на секој играч по повлечен потег, на кој нашиот Александар во конкуренција на 17 шахисти го освои 16-то место со освоени 2 поени. Во оваа конкуренција организаторот подели медали и за играчи под 20 години (младинска категорија). Од тројцата шахисти во оваа категорија (U20), Александар го освои третото место и се закити со бронзен медал
Честитки за настапот на нашиот млад шахист, Александар Стојчески, на првенството кое воедно претставуваше и одлично искуство за младиот Александар, кој од година во година напредува во својата игра, според зборовите на неговите колеги, и се надеваме дека еден ден ќе се вмеша во носителите на медали на меѓународните натпревари.
Средства за учество на првенството се обезбедени од Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, преку Агенцијата за млади и спорт и Министерството за труд и социјална политика.