На 12.05.2023 година, во салата Јане Сандански во Скопје, започна новата страница во спортот во организација на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија со одржување на првиот тренинг во кошарка во колички. Благодарение на иницијаторите од Сојузот на параплегија на Словенија и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, поддржани од Амбасадста на Словенија во Скопје, како и донаторите кои ги набавија новите колички: НЛБ банка, Триглав осигурување и Амбасадата на Германија во Скопје, а со логистичка поддршка од Агенцијата за млади и спорт, Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Кошаркарска федерација на Северна Македонија, ЦОП Славеј, донаторите на половни колички од Србија и БиХ, и други поддржувачи и симпатизери, тренерот Саша Димитриевиќ со кошаркарите го одржа првиот тренинг.
Да им посакаме вредно да тренираат и во иднина успешно да ги бранат боите на нашата држава на меѓународните натпревари.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ