НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПРОМОВИРАНА БРОШУРАТА ВО ИЗРАБОТКА: „HEPA guidelines for children with disabilities based on gymnastic after COVID-19“

На 12.04.2023 година, во арената Борис Трајковски во Скопје, во рамките на првиот инклузивен спортски саем „Спорт за сите”, со целосно почитување на човековите права во интерес на сите граѓани. Настанот „Спорт за сите”, организиран во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации и во партнерство со Националните сојузи и организации на лица со попреченост, на кој панелисти беа: Славица Грковска-Заменик на претседателот на Владата на РСМ, Армен Григоријан-постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Јетон Шаќири-Министер за образование и наука, Ристо Пенов-Министер за локална самоуправа, Наумче Мојсовски-директор на Агенција за млади и спорт и Бранимир Јовановски-Претседател на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, претседателот Јовановски го промовираше проектот GYM4ALL-Gymnastics for children with disabilities, кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Унија, во кој нашиот комитет учествува како партнер.
Пред повеќе присутни посетители, претседателот Јовановски ги објасни основните проектни активности и истакна дека во финална фаза на изработка се наоѓа посебна Брошура- прирачник наречен HEPA guidelines for children with disabilities based on gymnastic after COVID-19, во кој читателите ќе се сретнат со повеќе содржини, меѓу кои: ориентациска листа на видови на попреченост, значењето на вежбитебазирани на елементи на гимнастика кај децата во развој, прилагодување на вежбите за децата со попреченост, посебно за деца со визуелни оштетувања, со оштетување на слухот, со тешкотии во учењето, со телесни оштетувања и хронични заболувања, со намалени интелектуални способности, деца со аутизам, физички вежби во услови на пандемија на КОВИД-19 и други содржини.
Имаше повеќе заинтересирани лица кои поставуваа прашања и се интересираа како да дојдат до брошурата, на што им одговоривме дека Брошурата се очекува наскоро да излезе во печат, а ние во електронска форма ќе ја поставиме на нашата веб и фејсбук страница и ќе биде достапна до сите.