НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ, ПОСЕТА И ПРВ ТРЕНИНГ НА НАШИТЕ КОШАРКАРИ СО КОЛЕГИТЕ ОД ККК „НАИС“ ОД НИШ

На 16.01.2023 година, на покана на Проф. Д-р Марко Александровиќ и колегите од ККК„Наис“ од Ниш, за прв пат македонските кошаркари во колички одржаа базичен тренинг во Ниш.
Основната причина за посетата беше да се земат мерки за колички за четворица наши играчи со помош на експерт од Ниш, за да може истите во најскоро време да се нарачаат од Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од средствата на донаторите, и таа мисија успешно е реализирана.
Второ, благодарение на отворената поддршка од претседателот на ККК„Наис“, Дејан Шиманли, ни беа позајмени 3 колички за кошарка (поред набавените 2 од донаторите), како би можеле нашите спортисти да започнат со тренинзи во Скопје веќе од следниот месец.
Трето, благодарение на искуството на проф. Миљан Хаџовић и проф. Војин Стевановић, кои се тренери и стручни лица во ККК „Наис“, нашите спортисти има можност да ги започнат првите тренажни чекори, а нашиот тренер проф. Саша Димитриевиќ да воспостави соработка и размена на искуства со колегите.
На крај, но не и најмалку важно, е стекнатото пријателство на нашиот тим со колегите од ККК „Наис“, искрена соработка за која се надеваме ќе се интензивира во периодот кој е пред нас.
Колеги и спортски пријатели од ККК „Наис“, ви благодариме за пружената рака на соработка.
Се гледаме наскоро во Ниш или во Скопје, сеедно, соработката продолжува.