На 08.12.2022г. во организација на Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди – Битола во соработка со Кугларска Федерација на Македонија подпомогнат од страна на Општина Битола се одржа турнир во Куглање за лица со инвалидност под мотото КУГЛАЊЕ – НОВ ПРЕДИЗВИК . Учество зедоја преку 40 лица со инвалидност во машка и женска конкуренција од повеќе сојузи од Маќедонија,ССРИ Битола домаќин на настанот,ССРИ Штип,ССРИ Прилеп,ССРИ Куманово, ССРИ Гази Баба и ССРИ Кавадарци. Настанот се одржа во Кугланата при спортската сала,,Боро Чурлевски,, Битола.
Во оваа прилика ССРИ Битола му се заблагодарува на Игор Михајловски претседател на Кугларската Федерација на Македонија за отстапениот простор и неговото несебично залагање,кој воедно беше судија на турнирот и даде се од себе непречено да се одвива истиот во најдобар ред.
На настанот беше присутна и екипа на Црвен Крст која воопшто немаше потреба да интервенира,се помина во најдобар ред и во оваа прилика ССРИ Битола се заблагодарува на Црвен Крст – Битола.
Турнирот за отворен го прогласија Гордана Цветковска Бошевска,претставник од Општина Битола и Благоја Мишовски претседател на НФСРИСМ – Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Маќедонија.
Постигнати беа следните резултати:
Мажи
1. Зоран Мидовски од ССРИ Прилеп
2. Стојанче Штерјов од ССРИ Штип
3. Димче Јованчев од ССРИ Штип
Жени
1. Радмила Периќ од ССРИ Битола
2. Глба Ѓорѓиевска од ССРИ Штип
3. Јадранка Јовановска од ССРИ Куманово
На најдобрите им беа врачени медали и скромни награди.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ