НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НА СВЕТСКИОТ КУП ВО ШАТЕРО, ФРАНЦИЈА

Оливера, како единствена жена во финалето, “машки” се избори со посилниот пол и го освои 2-то место и сребрениот медал на Светскиот куп во Шатеро, Франција.
Честитки за големиот успех на Оливера, а овој значаен успех прв и го честита нејзиниот тренер Бранимир Јовановски, како и членовите на македонскиот тим.