Успешните настапи на Оливера Наковска Бикова на Светскиот куп во Нови Сад (еден златен и еден сребрен медал) и 6-то место на Параолимписките игри во Токио, ги поттикна новинарите и спортските работници да ја номинираат во избор на Најдобри спортисти на РСМ за 2021 година, а мене, како нејзин тренер да ме номинираат во конкуренција на најдобрите тренери на Република Северна Македонија за 2021 година. Уште една номинација, а за потсетување, Оливера повеќепати ја освои титулата, а јас титулата најдобар тренер ја добив 2012, и неколкупати бев второ и третопласиран по гласањето на новинарите и спортските федерации.
На листата на спортисти во номинираните се наоѓа и Андреј Стојановски кој освои 4-ти места на Светско првенство во пливање на кратки базени.
Сега се е до спортските федерации кои со гласање треба да се изјаснат кому по колку бодови ќе му доделат
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ