НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

16-то МЕСТО ЗА ЈАНЧО ЃОРЃЕВСКИ НА СКОПЈЕ ОПЕН ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ 2021

На 10-11 октомври 2021 во организација на Шаховскиот сојуз на град Скопје, во Хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа СКОПЈЕ ОПЕН ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ 2021, кој беше традиционален отворен шаховски турнир, на кој можеше да учествува секој шахист без разлика на рејтинг, категорија или титула.
Шаховскиот Сојуз на Град Скопје во соработка со Град Скопје, на СКОПЈЕ ОПЕН ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ 2021 одржа 2 турнири и тоа:
-СКОПЈЕ ОПЕН РАПИД турнир и
-СКОПЈЕ ОПЕН БЛИЦ турнир
Турнирите се одржаа според Протоколот за игра во услови на пандемија со COVID 19 , одобрен од Министерство за здравство на Република С.Македонија и истиот беше обврзувачки за секој учесник. Се вршеше мерење на температура на секој учесник пред почеток на натпреварувачкиот ден при што, согласно пропозициите, на учесник кај кого ќе биде измерена температура повисока од 37 степени, немаше да му биде дозволено да игра на турнирот.
Турнирот се играше по правилата на FIDE, по Швајцарски систем од 9 кола и истиот беше рејтингуван на РАПИД рејтинг листата на FIDE. Се играше со електронски часовници со темпо на игра: 15 мин. по играч за цела партија, плус 10 секунди додаток за секој потег, почнувајќи од првиот потег.
Финалниот пласман се одредуваше според број на освоени поени. Во случај на ист број освоени поени, рангирањето се определуваше по следните додатни критериуми:
1. Бухолц -1 ( без најлошиот противник)
2. Перформанс
3. Прогрес
На СКОПЈЕ ОПЕН РАПИД 2021 турнирот учествуваше и нашиот шахист Јанчо Ѓорѓевски, кој оствари одличен резултат пласирајќи се на 16 место со освоени 6 поени од 9 кола, во конкуренција на 97 натпреварувачи.
Исто така на турнирот учествуваше и младиот шахист Александар Стојчевски (U14), кој го освои 73 место со освоени 3,5 поени. Честитки за младиот Александар.