НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ИГРИТЕ ВО ТОКИО МОЖАТ ДА ПОЧНАТ

На 24.08.2021 година се одржа церемонијата на отворање на Параолимписките игри Токио 2020.
Македонската делегација ја претставуваа шефот на мисијата Драган Дојчиноски, кој го носеше знамето на Република Северна Македонија, и нашето параолимписко аташе Кристина Стојчевска. По долгиот лет, многу сати чекање по аеродроми како и петчасовната контрола на ковид-19 и на оружјето предизвикаа сериозен умор кај нашите претставници, особено кај Оливера Наковска Бикова која иако беше одредена за знаменосец, побара да биде поштедена, што секако и беше и овозможено.
Игрите можат да почнат!!!