НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

СРЕБРО ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА ВО НЕЈЗИНАТА ВТОРА ДИСЦИПЛИНА, СПОРТ ПИШТОЛ 25М, НА СВЕТСКИОТ КУП ВО НОВИ САД, СРБИЈА

Втор натпреварувачки ден и втор медал за Оливера наковска Бикова, овој пат сребрен, во дисциплината Спорт пиштол 25 метри (П3).
Оливера во финалето се пласира по освоеното четврто место во квалификациите со резултат од 554 кругови (90, 89, 93, 94, 94, 94), колку и третопласираниот Живко Папаз од Србија но со помалку внатрешни центри, 7.
Во финалето во конкуренција на 7 учесници на следните параолимписки игри во Токио, со вкупно 25 погодоци(тоа се погодоци во вредност од најмалку 10,2 до10,9) го освои второто место. Првото место го освои Олекциј Денишчук од Украина со 32 погодоци, а третото место му припадна на Јоаким Норберг од Шведска со21 погодок.
Честитки за Оливера Наковска Бикова која на овој Светски куп демонстрира солидна форма и успешни настапи во силна конкуренција на натпреварувачи.
Ванчо Каранфилов го освои деветтото место со резултат од 548нкругови, колку што освои и осмопласираниот Давид Оклер од Франција кој се пласира во финалето само заради поголем број на внатрешни центри 10, а Ванчо Имаше 7.
Третиот наш натпреварувач, Александар Јовановски постигна свој личен рекорд од 531 круг и натпреварот го заврши на 11 место од 18 натпреварувачи.
Утре во 15:30 часот на програмата е последната дисциплина Пиштол слободен избор (П4) во која ќе настапат Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски, а по завршување на натпреварот во попладневните часови, нашата репрезентација се враќа дома.