НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПРОТОКОЛ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД „ COVID-19 „ ПРИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРИ ВО ШАХ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НФСРИСМ-ПКСМ

Услови кои организаторот на шаховскиот настан мора да ги обезбеди се:
1. Салата за играње мора да ги задоволува следните услови:
-Пространи и осветлени (околу 800 лукси)
-Широчина од 4м2 по играч
-Салата да биде отворена од едната страна и да има излез на тераса, како дел од просторот дозволен за движење на натпреварувачите
-Салата да има природна вентилација.
2. Масите за игра треба да ги исполнуваат следните услови:
-Минимална димензија на масата за игра да биде 1,2 х 1,2 метри
-Растојанието помеѓу масите за игра да биде минимум 3 метри
-Во една сала да нема повеќе од 15 маси, односно максимум 30 натпреварувачи
3. Организаторот мора да обезбеди минимум по 2 хируршки маски за еднократна употреба за секоја натпреварувач, судија или техничко лице.Маските им се даваат пред влезот во салата и задолжително се менуваат после 3 сати користење.
4. Мора да се обезбеди средство за дезинфекција на база на алкохол со најмала концентрација од 70%, на видливи места пред влезот, како и во самата салата за играње, како и пред тоалетите и споредните излези од салата.
5. Мерење на температурата на учесниците на натпреварот со бесконтактен топломер на влез во салата пред почеток на натпреварот е задолжително.
6. Натпреварите ќе се играат без публика, односно во салата ќе биде дозволен влез само на натпреварувачите и службените лица.
7. Шаховските табли, фигури и шаховските часовници ќе се дезинфицираат пред и после секое коло.
8. Ќе се обезбеди присуство на лекар на натпреварот.
9. Да се обезбеди корпа за отпадоци со капак на излезот от салата каде натпреварувачите ќе ги фрлат своите користени маски по завршување на партиите. Корпата за отпадоци мора да има пластична кеса која редовно ќе се менува.
10. Јасно означени патеки по кои ќе се одвива движењето на учесниците во и пред салата за игра.
Натпреварувачите и официјалните лица (судиите) мора да се однесуваат по следните правила:
1. Треба да бидат целосно здрави, без никакви симптоми на болест пред почетокот на партијата, со телесна температура до 37ºC, инаку нема да се дозволи влез во салата за играње.
2. Натпреварувачите пред почетокот на натпреварот да поднесат Изјави дека се здрави и дека се свесни за ризикот од трансмисија на вирусоти дека самите го сносат ризикот од можноста од разболување од КОВИД-19 вирусот.
3. На натпреварувачите и на официјалните лица (судиите) ќе им се мери температурата пред почетокот на натпреварувањето на секоја партија, односно по одиграни 3 кола на турнири по викенд правила со темпо од 30 минути по играч.
4. Натпреварувачите и судиите мора да носат маска со покриен нос и уста за целото времетраење на партијата, односно се додека се наоѓаат во салата за играње.
5. Натпреварувачите не смеат да се поздравуваат пред почетокот на партијата, ниту смеат да комуницираат за време на партијата.
6. Натпреварувачите своите рекламации за време на партијата ќе им ги соопштат директно на судиите на пропишано растојание од 1,5 метри.
7. По изминати 3 часа игра, натпреварувачите и судиите се должни да ја сменат маската. Маските ги обезбедува организаторот.
8. Натпреварувачите се должни за целото време на движење низ салата и до тоалетите да одржуваат дистанца од најмалку 2 метри.
9. По завршувањето на партијата, натпреварувачите мора да ја напуштат салата за играње.
10. Им се препорачува на натпреварувачите додека не се на потез да седат (стојат) на растојание од најмалку еден метар од масата за игра.
11. Натпреварувачите се должни пред и после секоја партија да ги измијат и дезинфицираат рацете (на влегување и по напуштање на салата за игра).