Македонската пингпонгарска репрезентација на НФСРИСМ – ПКСМ, од 04-07.10.2019, учествуваше на Меѓународниот турнир во пинг-понг “Подгорица 2019” на кој настапија натпреварувачи од 6 држави: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Северна Македонија и домаќинот Црна Гора. Во состав на нашата репрезентација настапија: Страшко Коцевски-селектор и натпреварувач, Небојша Ташиќ, Рубин Ристески, Тони Митровски и Томи Јаневски (натпреварувачи. Тим лидер и асистент на спортистите беше Тони Пајдаков.
Првиот натпреварувачки ден се одиграа натпревари во поединечна конкуренција. Најдобар резултат постигна Рубинчо Ристески од Прилеп кој во класата го освои 3-то место и бронзениот медал. Од останатите спортисти, Страшко Коцевски во класа 10 ја мина групата, но загуби во четвртфиналето. Останатите спортисти своите настапи ги завршија во разигрувањето по групи и не се пласираа во четвртфиналните борби: Небојша Ташиќ во класа 10, Тони Митровски во класа 8 и Томи Јаневски во класа 7 не ја минаа групата.
Вториот натпреварувачки ден се натпреваруваше во екипна конкуренција. Нашите спортисти имаа претставници во класа 8 (Рубинчо Ристески и Тони Митровски) и класа 10 (Страшко Коцевски и Небојша Ташиќ). И двете наши екипи не ги минаа групите и немаа можност да се борат за медал.
Нашиот натпреварувач Томи Јаневски во класа 6-7 беше во тим со бугаринот Џихан Ташч, ја минаа групата, но загубија во четвртфинале и немаа можност да се борат за медал.
ПЛАСМАН ИНДИВИДУАЛНИ НАТПРЕВАРИ
Klasa 3-5 žene
1. Helena Dretar Karić CRO (3:0)
2. Samra Kojić MNE
3. Tanja Mikašević SRB
3. Slobodanka Gurešić MNE
Klasa 6-10 žene
1. Snježana Ivčević CRO (3:0)
2. Milijana Ćirković MNE
3. Sandra Vidović CRO
3. Yordanka Todorova BUL
Klasa 3-5 muškarci
1. Bojan Stamenković SRB (3:1)
2. Aleksandar Jevremović SRB
3. Helena Dretar Karić CRO
3. Pero Savić BiH
Klasa 6 muškarci
1. Haris Eminović BiH (3:0)
2. Milan Antić SRB
3. Igor Pejak CRO
3. Djeyhan Tascha BUL
Klasa 7 muškarci
1. Pjetro Paljušević MNE (3:1)
2. Daniel Šetrajčić CRO
3. Miljan Cerović MNE
3. Duško Lazović MNE
Klasa 8 muškarci
1. Dragan Vujisić SRB (3:1)
2. Nemanja Birmančević SRB
3. Rubinčo Risteski MKD
3. Milovan Janjićijević SRB
Klasa 9-10 muškarci
1. Tomislav Blažević CRO (3:2)
2. Ivica Vidiček BiH
3. Paun Vatov BUL
3. Kasim Cerić BiH
ПЛАСМАН ЕКИПНИ НАТПРЕВАРИ
Klasa 3-5
- SRB 2
Bojan Stamenković i Miloš Stoiljković
- SRB 3
Nebojša Ilić i Aleksandar Jevremović
- SRB 4
Slavoljub Avdić i Pero Savić
- CRO – MNE
Helena Dretar Karić, Slobodanka Gurešić i Samra Kojić
Klasa 6-7
- MNE – BiH
Miljan Cerović i Haris Eminović
- SRB
Milan Antić i Dragan Baćanović
- MNE 2
Milijana Ćirković i Dusko Lazović
- MNE 1
Pjetro Paljušević i Djuro Krivokapić
Klasa 8-10 (2:0)
- BiH
Ivica Vidiček, Darko Pavlić i Kasim Cerić
- CRO – BUL – MNE
Tomislav Blažević, Paun Vatov i Dejan Bašanović
- SRB 1
Dragan Vujisić i Milovan Janjićijević
- SRB 2
Dario Stošić i MilošTasić
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
РУБИНЧО РИСТЕСКИ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА 8. МЕЃУНАРОДЕН ПИНГПОНГ ФЕСТИВАЛ ВО ЛЕРИН, ГРЦИЈА
МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ УЧЕСТВУВААТ НА 8th INTERNATIONAL TABLE TENNIS FESTIVAL FLORINA, GREECE