НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

8. МЕСТО ЗА ОЛИВЕРА ВО ФИНАЛЕ ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ ЖЕНИ 10м

Оливера Наковска Бикова го освои 8-то место во дисциплината П2-Воздушен пиштол-жени 10м.
Претходно, во квалификациите на оваа дисциплина, Оливера го освои петтото место со резултат од 558 кругови и се пчасида меѓу најдобрите 8 спортистки кои борбите ги продолжуваат во финале. Таа всушност квалификациите ги заврши како шестопласирана, меѓутоа иранката Шахи беше дисквалификувана од судиите по извршена контрола на оружје, нејзиниот пиштол не држеше минимум пропишана тежина на опалување (>500 грама).
За жал, во финалето, работите не течеа според планираното и очекуваното, се чувствуваше премногу жар, нервоза, тремор (кај сите натпреварувачки, не само кај Оливера)… и на крај таа после 12 истрели прва го напушти финалето освојувајќи го 8-то место во конечен пласман во оваа дисциплина.
Ова се 6-ти по ред параолимписки игри на кои настапува Оливера (од Атина 2004 до денес), и на секоја од нив таа влегуваше во финале, вистинска потврда на квалитет подолго од 20 години, подвиг за историја во спортската кариера на еден спортист.
Утре е нов ден, нова можност, не чека нова дисциплина за два дена, на 02.09.2024 година Оливера ќе настапи во квалификациите на дисциплината П3- Спорт пиштол 25м.