Македонските пингпонгари со инвалидност: Небојша Ташиќ, Зоран Трајановски, Рубинчо Ристески и Томи Јаневски, на 6-7.11.2021 година ќе настапат на петтиот меѓународен турнир на пријателство „НАИСУС ОПЕН“, кој се одржува во Ниш.
Небојша Ташиќ и Зоран Трајановски ќе настапат во класа 10 во поединечна и во екипна конкуренција и трошоците за нивниот настап ги покрива ССРИ Куманово од средствата од спортски ваучер.
Рубинчо Ристески и Томи Јаневски ќе настапат екипно во класа 8, додека поединечно Рубинчо во класа 8, а Томи во класа 7. Трошоците за нивниот настап се на терет на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија.
Им посакуваме успешен настап на турнирот, на кој уште учествуваат и натпреварувачи од Црна Гора, Бугарија, Румунија и домаќинот Србија.
Линк за следење на поединечни натпревари на 06.11.2021: https://www.youtube.com/watch?v=9Sy6hx-FLdQ
Линк за следење на екипните натпревари на 07.11.2021: https://www.youtube.com/watch?v=zWIvavOy9P8
Линк за следење на поединечни натпревари на 06.11.2021: https://www.youtube.com/watch?v=9Sy6hx-FLdQ
Линк за следење на екипните натпревари на 07.11.2021: https://www.youtube.com/watch?v=zWIvavOy9P8
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ