Македонските параолимпијци Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов настапија во дисциплината П4-пиштол слободен избор кој се стрела на 50 метри. Во исклучително силна кон куренција на 48 натпреварувачи, Оливера со резултат од 526 кругови (само 6 круга ја делеа од финале) го освои 12-то место, додека Ванчо Каранфилов со резултат од 486 кругови го зазеде 44-то место.
Александар Јовановски не настапи во оваа дисциплина.
Следен натпревар е на 17.10.2019 година кога на програмата е дисциплината П2-воздушен пиштол жени во која настапува Оливера Наковска Бикова.

Поврзани објави
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО СТРЕЛАШТВО ПАРА СПОРТ 2026
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2025
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024