Претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, се сретна со претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Andrew Parsons, за време на одржувањето на Светското првенство во стрелаштво во Сиднеј 2019.
За време на кусата средба, го запознав претседателот Parsons со работата и постигнувањата на нашиот параолимписки комитет, а тој изрази жалење што нема да присуствуваме на јубилејното Генералното собрание на ИПЦ кое следната недела ќе се одржи во Бон, Германија на кое би имале можност поопширно да го запознаеме со нашето делување во интерес на развојот на спортот на лицата со инвалиднсот во Република Северна Македонија.

Поврзани објави
ВО ДАБЛИН ОДРЖАН ТРЕТИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК НА ПРОЕКТОТ VIEWS
ФЕР ИГРА: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ДИСКВАЛИФИКУВАН ПО ПРВОТО ВОЗЕЊЕ ВО СЛАЛОМ И НЕ ЗАБЕЛЕЖА ПЛАСМАН НА ЗИМСКИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ МИЛАНО КОРТИНА 2026