fsrim.org.mk

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

АТЛЕТИЧАРИТЕ УЧЕСТВУВААТ НА СРБИЈА ОПЕН 2026 ВО КРУШЕВАЦ

АТЛЕТИЧАРИТЕ УЧЕСТВУВААТ НА СРБИЈА ОПЕН 2026 ВО КРУШЕВАЦ
Македонската репрезентација во пара атлетика на 09-10.05.2026 година учествува на отвореното првенство во пара атлетика “СРБИЈА ОПЕН 2026” во Крушевац, Србија. На првенството учествуваат нафпреварувачи од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Бугарија и Македонија.
Селекторот Крсто Серафимовски за овој натпревар ги селектираше: Елена Давидовска класа Ф56, Никола Пеев класа Ф36, Златко Арсовски класа Ф55 и Дарко Спирковски класа Ф 44.