Спортистите од Мобилност Македонија: Елена Давитковска Ф56, Зоран Јовановски Ф55 и Златко Арсовски Ф55, настапија на 34. Спортски игри на СПИКС во Врњачка Бања. На игрите учествуваа спортисти од Србија, Македонија, Словенија и Црна Гора.
Организаторот имаше сериозни проблеми со дождливото време, стартот беше пролонгиран наместо во 10:00 за 13:30 часот, но за жал натпреварите успеаја да ги завршат само натпреварувачките во атлетика, додека спортистите во машка конкуренција воопшто не настапија, бидејќи целото попладне паѓаше обилен дожд.
Но, додека временските услови беа погодни, Елена Давитковска настапи во 3 атлетски дисциплини и освои 3 медали во класата Ф56 и тоа: 1-во место и златен медал во фрлање на копје, 2-ро место и сребрен медал во диск и 2-ро место и сребрен медал во ѓуле.
Честитки за успехот на Елена, но и за нашите спортисти во машка конкуренција, како и реководството на делегацијата кои скоро еден час на дожд чекаа и се надеваа дека натпреварот сепак ќе продолжи.
Средства за овој настап беа обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА ПИНГПОНГАРИ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР НА ПРИЈАТЕЛСТВО ВО НИШ, СРБИЈА
МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА СО ВЕТЕРАНИТЕ НА ФК СИЛЕКС, ВО ЧЕСТ НА ГОРАН ТРАЈЧЕВ